Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА ќе се оддржи интернационален натпревар за развивање на игри, Game Jam Plus, којшто ќе трае 7 месеци. Настанот има 4 фази и ќе започне во петок, 8 октомври. Натпреварот ќе се одвива on-line, а учеството е бесплатно.
Регистрацијата може да се направи на страната на Eventbrite на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/macedonia-gj-2122-tickets-169166731247
Game Jam настаните се своевиден хакатон во којшто учествуваат професионалци од сферата на ИТ и на дигиталните уметности, но и студенти и ентузијасти кои ги интересираат дигиталните игри. На настанот тие работат организирани во тимови, разработуваат идеја според зададена тема и создаваат прототип на дигитална игра. МАГДА веќе има деветгодишно искуство во организирање на game jam настани, како и конференции и обуки за развивање на дигитални игри, вклучително и на настанот Global Game Jam.
Натпреварот Game Jam Plus (GJ+) потекнува од Бразил и за првпат е одржан во 2021/22 година, а ова е негово шестто издание. Секоја година во настанот се вклучуваат нови земји и веќе се организира на сите континенти. Оваа година за првпат и Македонија се вклучува во овој настан.
Ако game jam настаните вообичаено претставуваат 48-часовни марaтони за развивање на игри, тогаш GJ+ е хипер-маратон, поради што го носи и името Game Development World Cup. Натпреварот кој трае 7 месеци е поделен на следните 4 фази:
Овој, на прв поглед амбициозен проект, е осмислен, пред сè, да им овозможи на студијата и тимовите од различни земји да се претстават на интернационално ниво, да се сретнат со колеги, ментори, инвеститори и продуценти, како и да добијат бизнис и маркетинг поддршка.
Во изминатите години на Game Jam настаните што ги организираше МАГДА видовме голем број извонредни идеи и прототипи на игри. Доколку тимовите би продолжиле да работат на нив, има реална шанса да се добијат квалитетни производи, привлечни за продуцентите и инвеститорите. Точно тоа и сакаме да го постигнеме со учеството на Game Jam Plus. Тука може да се пријави секој кој сака да се дружи и да развива игри, но се надеваме да се пријават и амбициозни тимови кои би биле забележани на европско ниво, и уште подобро да се пласираат на светското финале.
Дополнителна информација за настанот може да најдете нa фејсбук страницата на МАГДА (https://www.facebook.com/MAGDA.Macedonia), како и на страницата на креираниот фејсбук-настан (https://www.facebook.com/events/207733804704034)
Официјалната интернет страница на глобалниот настан Home | GameJam+ може да ја погледнете тука
Повеќе информации на тема “Што е Game Jam Plus?” може да добиете од снименото интервју коешто МАГДА го направи со организаторите од Бразил тука