Информатика
На 28 ноември, во InnoX Innovation Center во Скопје, ќе се одржи DevFest Skopje 2026, еднодневна технолошка конференција посветена на вештачката интелигенција, AI агентите и нивната практична примена.
Објавено на 21.11.2026 - 15:30

Колумна
Додека планетата се соочува со сè поразорни климатски екстреми, а граѓаните ширум светот плаќаат многу зголемени сметки за гориво, греење и храна, индустријата што е главен виновник за глобалното затоплување бележи вистинска златна треска. Во третиот квартал од 2026 година, десетте најголеми светски компании за нафта и природен гас остварија комбиниран вкупен приход од 827 милијарди долари и чист квартален профит од неверојатни 109 милијарди долари.
Објавено на 21.11.2026 - 15:00

Медицина
Тоа што го јадете кога сте уморни и гладни, можеби се сведува на тоа што е отворено на патот кон дома и што можете да си дозволите. И апетитот и достапноста до храна влијаат врз одлуките кои, гледано од страна, може да изгледаат како едноставен личен избор.
Објавено на 18.11.2026 - 17:00

Информатика
Тековниот, мошне јавен судир меѓу Microsoft и истражувачот познат под псевдонимот Nightmare Eclipse доби ново продолжение со објавувањето на уште една zero-day ранливост во Windows.
Објавено на 18.11.2026 - 00:30

Геологија
Климатските промени не ги менуваат само температурите на воздухот, снежните покривки и површинските води. Тие влијаат и врз подземните води, менувајќи го периодот во годината кога тие се обновуваат и кога нивното ниво е највисоко или најниско. Кон ова укажуваат резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Оулу и Финскиот институт за животна средина, кои се темелат врз петдецениски мерења на подземните води во Финска.
Објавено на 17.11.2026 - 18:00

Астрономија и астронаутика
По речиси половина век патување низ вселената, сондата Војаџер 1 се подготвува да испише уште една страница во историјата на човечкото истражување на космосот. На 18 ноември 2026 година, таа ќе ја достигне оддалеченоста од еден светлосен ден од Земјата – растојание од приближно 25,9 милијарди километри, кое светлината го поминува за точно 24 часа. Досега ниту еден објект направен од човекот не се оддалечил толку многу од нашата планета.
Објавено на 17.11.2026 - 02:30

Медицина
Истрагата открила сериозни пропусти во безбедносните проверки, прикривање неповолни резултати од испитувања врз животни и необјавени финансиски врски меѓу истражувачите и семејството на починатото дете.
Објавено на 16.11.2026 - 21:45

Медицина
Слика: ЕМИТЕР/ВИ
Лекот баксдростат, кој се зема еднаш дневно, би можел да ги замени хируршките интервенции кај дел од пациентите со хипертензија. Неочекуваното откритие е дека неговото дејство можеби не завршува само со регулирање на крвниот притисок, туку и со уништување на клетките што предизвикуваат прекумерно производство на хормонот алдостерон.
Објавено на 16.11.2026 - 21:00

Аеронаутика
Замена на застарена бакарна телекомуникациска линија со оптички кабел, во комбинација со проблем со мрежен рутер, предизвика сериозен прекин во системот за контрола на воздушниот сообраќај во САД. Поради нарушената комуникација меѓу контролните центри, Федералната управа за воздухопловство (FAA) во петокот, 13 ноември, нареди привремено запирање на сите полетувања од американските аеродроми.
Објавено на 14.11.2026 - 20:00

Астрономија и астронаутика
Астрономите открија редок двоен ѕвезден систем во кој бело џуџе емитува повторливи радиоимпулси на секои осум минути, додека орбитира околу ѕвезда слична на нашето Сонце. Откритието не само што нуди нови сознанија за потеклото на мистериозните радио-сигнали од вселената, туку и открива дека тие можат да настануваат во системи поинакви од оние што досега биле познати.
Објавено на 13.11.2026 - 20:00

Pages