Омнибус
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 АПРИЛ 2024 година, во периодот од 11 до 15 часот, во рамки на кампусот на УКИМ, на платото во кругот на комплексот факултети за општествени науки, организира Отворен ден.
Објавено на 05.04.2024 - 11:30

Роботика
И повторно е тоа време во годината. Време е за најголемиот натпрвар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија – RoboMac 2024. Како и секоја година исто и сега, RoboMac 2024 го организираат студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ и Факултетот за електроника, електротехника и информациски технологии.
Објавено на 04.04.2024 - 15:30

Астрономија и астронаутика
На 8 март оваа година, сметката на Џонатан Мекдауел, aстроном кој коментира за лансирањата во вселената и навлегувањето на објекти во атмосферата, на социјалната мрежа X, го најави навлегување во атмосферата на палетата со искористена опрема EP-9, испуштена од Меѓународната вселенска станица. Притоа тој даде информации за точката на влез и локациите каде би можеле евентуално да се очекуваат остатоци од палетата. Само неколку дена подоцна Алехандро Отеро од Неапол во Флорида, во одговор на ова известување објави фотографии од мистериозен објект кој паднал од небото во неговиот дом, шегувајќи се дека дел од товарот ја промашил целта.
Објавено на 04.04.2024 - 13:45

Телекомуникации
Се проценува дека секојдневно 95% од податоците во светот патуваат низ речиси 1,5 милиони километри подводни оптички кабли поставени на океанското дно. Современиот живот исполнет со интернет комуникации, видео повици, стриминг достапен во секој момени, би бил сосема поинаков без оваа огромна инфраструктура. Потребата да се засити оваа глобална глад за сѐ повеќе податоци, се чини дека ќе поттикне поставување на нов кабел на место што досега се сметаше за недостапно.
Објавено на 03.04.2024 - 15:00

Екологија
Неодамна тим минијатурни дронови беше испратен во внатрешноста на радиоактивните урнатини од еден од нуклеарните реактори на Фукушима. Снимките треба да им помогнат на јапонските власти во планирање за натамошното чистење на локацијата. Ако претходно добиените слики не укажаа на тоа уште колку работа ги чека јапонците, новата снимка направена од малите роботи со сигурност ја “разјасни” ситуацијата.
Објавено на 03.04.2024 - 12:15

Информатика
Водните системи во САД сѐ повеќе се цел на кибер напади. Според американската Агенција за заштита на животната средина овие кибер напади, насочени кон американските системи за вода за пиење, се поддржани од Кина и Иран. Отатаму американските држави во трка за солидна надградба на нивните ИТ безбедносни мерки за заштита од идни инфраструктурни напади.
Објавено на 02.04.2024 - 12:30

Роботика
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Македонската секција на IEEE, ја продолжува воспоставената традиција и по четврти пат го организира натпреварот за средношколци во роботика и електроника RoboMac Junior 2024, во периодот од 22 до 25 април 2024 (со пауза на 24.4.2024, поради неработен изборен ден). Натпреварот се одржува паралелно со главниот настан – RoboMac 2024.
Објавено на 01.04.2024 - 15:00

Медицина
CAR-T ги еродира глиобластомите, агресивни и тешко третирани тумори на мозокот, за само неколку дена. Иако ефектот не изгледа дефинитивен.
Објавено на 01.04.2024 - 14:30

Информатика
Компанијата Инграм Микро, која веќе над 35 години е препознаена како глобален лидер за технологија и логистика, го проширува своето присуство во Македонија со отворање на тренинг центар што нуди комплетно портфолио на системски и софтверски курсеви со модули кои одговараат на секој метод на учење.
Објавено на 29.03.2024 - 17:00

Астрономија и астронаутика
Композитна слика од остатоците од суперновата 1181
Во 1181 година на ноќното небо се појавила ретка експлозија на супернова, која останала видлива ви текот на наредните 185 дена. Историските записи укажуваат дека суперновата изгледала како привремена „ѕвезда“ во соѕвездието Касиопеја која била сјајна исто колку и Сатурн. Оттогаш па сѐ до денес, научниците се обидуваат да го пронајдат остатокот од оваа супернова.
Објавено на 29.03.2024 - 14:30

Pages