Институтот за експоненцијални технологии СЕФИДАНИС од Охрид пријатно изненади со футуристичкиот роман “Oхридски преданија од иднината”, сочинет од 15 раскази креирани од вештачка интелигенција (ВИ).
Како што проф. д-р Анис Сефиданис истакнува во самиот предговор, „Охридски преданија од иднината“ е книга со нов тип на авторство во XXI век и понатаму. Авторство во кое човекот не создава сам во изолација, туку во дијалог со технологијата, со архивите, со колективната меморија, со јазикот, со визуелната култура и со иднината како отворено поле. Но, без разлика колку напредни стануваат алатките, суштинското прашање останува исто: дали приказната има човечка причина да биде раскажана? Оваа книга верува дека има. Таа причина е Охрид.
„И ако има една заедничка порака што ги поврзува сите раскази, таа е следнава: иднината не смее да биде прекин со паметењето. Таа треба да биде негово продолжение. Но, не слепо продолжение, не повторување без размислување, туку творечко, одговорно и човечко продолжување на она што вреди“, пишува Сефиданис.


Секој расказ е бисер сам за себе. При начинот на креирање на приказните, клучни се три момента: дата базата што ја сочинуваат дигитални податоци од секаков вид и провиниенција поврзани со основниот градивен елемент на расказите – Охрид. Втора инстанца е матрицата во која треба да се движи нарацијата, а којашто ја задава човекот, во случајот (ко)авторот Анис Сефиданис. Таа се состои од наслов на расказот и внимателно и јасно искажани услови, споеви и предуслови врз кои ќе се гради (темели) нарацијата од занаетски аспект. Третата инстанца е платформата –вештачката интелигенција која од претходните две инстанци го гради расказот т.е. течно го обликува во една логичка целина.
Сите три инстанци се самите по себе феномени. Третата инстанца го користи машинското учење за да не фасцинира. Машинското учење е сфера од ВИ која исто како и кај природната интелигенција ја антиципира иднината како modus vivendi. Но, во овој момент е интересна втората инстанца, а тоа е матрицата зададена од човекот. Дали оваа истанца може да ја зададе AI? Секако дека може. И што би добиле како резултат? Би добиле идеална, совршена креација! Со други зборови, би добиле математичка креација.

Ќе рече некој: Па ете, решен е проблемот! НЕ! Проблемите токму тука почнуваат. Прогласен е крај на светот! Нема бунт, нема антитеза, нема движење... А зошто бунт? Па затоа што има и подобро оти другиот кој е различен од ВИ гледа други елементи! Во алгоритамот на ВИ нема антитеза. Не може нити да ја има оти е вештачка. Значи, совршениот расказ не е совршен! Точно. Нештата се несовршени затоа што се компромиси, и тоа, тешки компромиси. Разликите го вртат светот. А во совршенството создадено на база на формалната логика, нема разлика: тоа е слика во едно време со свој контекст. Следува дека е потребен човекот токму заради неговата несовршеност како емоции, импулсивни и нелогични одлуки како и неочекувани одлуки и решенија. Тоа веќе се нарекува Природна интелигенција. Токму овие и слични на овие релации имплиците извираат од сите раскази во овај прекрасен футуристички роман. Роман вистински бисер за најдлабоките и најсложените релации на човековата психа, когнитивност, морал, етика и воопшто: филозофија! Вредно е да се напомене дека и сите илустрации се креација на ВИ и прават совршена синергија со пишаниот збор.
Исклучително вредно пишано дело кое е двојазично: македонско а англиско..
Промоцијата се одржа на 10.6.2026. година во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во преполната Прличева одаја.