Рубрика: Биологија
Откриени „гробишта на китови“ на длабочина од 7 километри под океанската површина
Објавено на 12.06.2026 - 17:45

Научниците дојдоа до неочекувано откритие на дното од Индискиот Океан, каде на длабочина од околу седум километри, биле пронајдени големи количества коски од китови и древни фосили.

Наодите се концентрирани во  подлабок подводен расед познат како раседна зона Дијамантина (Diamantina Fracture Zone), една од најмалку истражените области на океанското дно.

Откритието било направено со кинеската истражувачка подморница Фендоуже (Fendouzhe), способна да достигне екстремни океански длабочини. За време на истражувањата, научниците биле изненадени кога наишле на вистинско „гробишта на китови“, место каде што остатоците од големите морски цицачи со текот на времето се натрупале на морското дно.

Покрај коските, истражувачите забележале и разновидни длабокоморски организми кои опстануваат хранејќи се од овие органски остатоци. Паднатите коски од китови претставуваат ретки екосистеми што можат да обезбедуваат храна и засолниште за бројни видови со децении, па дури и со векови.

Меѓу стотиците пронајдени фосили, најстариот примерок е стар повеќе од пет милиони години, додека  еден од фосилните примероци припаѓа на досега непознат изумрен вид на клунест кит, што укажува дека длабочините на океанот сè уште кријат бројни тајни за еволуцијата на морските цицачи.

Ова откритие не само што нуди редок увид во животот и смртта на китовите низ геолошкото минато, туку и потсетува колку малку знаеме за најдлабоките делови на светските океани. Дури и денес, тие остануваат меѓу најнеистражените предели на нашата планета.

Извор Nature

Клучни зборови: