Фототехника
Едно истражување што ги спојува науката за рециклирање со астрофизиката ќе ве натера со нови очи да гледате кон искористените пластични шишиња. За што се работи? Меѓународен тим од Германија и Калифорнија успеал да направи минијатурни дијаманти со изложување на материјалот полиетилен терефталат односно ПЕТ (она од што најчесто се прават пластичните шишиња и садови за храна) на екстремни температури и притисоци.
Објавено на 14.09.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на целосно отворениот сателит BlueWalker 3 во земјината орбита
Нè очекува светла иднина – новиот сателит е толку голем, што речиси секој ќе може да го види и препознае на ноќното небо – ете, толку е огромен и светол. Но, токму тука лежи и еден огромен проблем за астрономите – светлосниот отсјај од комуникацискиот сателит се очекува да биде толку светол што може да ги засени сите ѕвезди и планети.
Објавено на 13.09.2022 - 13:30

Информатика
Во петокот, на 9 септември во касарната Хуб во Охрид, професор Анис Сефиданис одржа предавање на тема “Метаверзум“ со поднаслов “Судир на реалности и раѓање на нов свет“. Салата беше целосно пополнета и публиката со задоволство го проследи предавањето. Пред публиката се отвораа новите светови на виртуелната реалност која во содејство т.н. вистинска или реална реалност и совршените алгоритми на манипулации и целни подредувања на информациите создаваат еден Метаверзум или нов Универзум кој е реална замена за Универзумот но за добробит на човекот и во негова служба. И не само замена, туку и реалност. Всушност, оттука извира и поднасловот на ова предавање.
Објавено на 12.09.2022 - 12:30

Геодезија
Панорама на Преспа
Опремен со ултразвучен длабиномер (сонар) и батиметриска мапа, со чамец тргнав преку Преспанското Езеро. Цел –да се лоцира точката во македонскиот дел со најголема длабочина. Патеката водеше од Асамати, на североисточниот брег од езерото, кон Коњско, на југоисточниот брег, при што на секој изминат метар “ дневникот на патувањето ” се ажурираше со прецизни записи од мерењата на длабочините и со координатите каде тие биле направени . Па, еве ги резултатите од оваа септемвриска научна авантура ...
Објавено на 12.09.2022 - 10:45

Автомобилска техника
Депласирано е да се нагласува дека најважните механички системи за активна безбедност, како сопирачките и системот за управување, треба безусловно и во секое време да се во беспрекорна исправна состојба бидејќи нашата безбедност директно зависи од нивното правилно функционирање. Во текстов ќе стане збор за една немила случка која е илустрирана со фотографијата подолу, а се однесува на системот за сопирање кај модерните автомобили.
Објавено на 09.09.2022 - 12:00

Информатика
За сите кои веруваат, кои се подготвени да отидат чекор напред и оние кои се подготвени да учат, да инспирираат и да бидат инспирирани, крајот на септември ќе донесе многу среќа и задоволство. Десет години после отворање на вратите за сите вљубеници, критичари, корисници, зависници од дигитал, AllWeb се враќа за да донесе ново дводневно искуство во кое ќе бидат спакувани четири различни сегменти на програмата.
Објавено на 09.09.2022 - 11:45

Информатика
Тешко е да се направи рамнотежа помеѓу работата и остатокот од животот, нели? А можеби и не... Ако тоа го направите на начинот што го предлага Samsung, постигнувањето на оваа рамнотежа ќе биде донекаде неизбежно, не оставајќи ви многу избор. Можеби ќе ви се чини лудо, но новото глувче Samsung Balance буквално “бега” ако претерате со работа...
Објавено на 07.09.2022 - 16:00

Биологија
Компјутерска илустрација на бактеријата Pseudomonas aeruginosa
Како убиец кој се прикрадува зад својата цел и задава смртоносен удар пред да исчезне назад во толпата, некои бактерии произведуваат и инјектираат токсини во конкурентските клетки од организмот домаќин или во други бактериски ќелии, со цел да ги убијат, и ова е веќе познато. Но, новооткриениот токсин напаѓа сосема различна цел во клетките и тоа го прави мошне интересен...
Објавено на 07.09.2022 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Познатиот астроном и ветеран во доменот на потрага по вонземска интелигенција, Френк Дрејк почина на 2 септември оваа година, во неговиот дом во Аптос, Калифорнија, на возраст од 92 години. Веста за неговата смрт ја објавија неговата ќерка Надја Дрејк, научна новинарка, и Универзитетот во Калифорнија Санта Круз, каде што тој беше почесен професор и поранешен декан за природни науки.
Објавено на 06.09.2022 - 18:00

Информатика
Во текот на изминатите неколку години, мамките за кликање или т.н. кликбејтовите станаа најлоши непријатели на пребарувачите, користејќи паметно осмислени наслови кои им овозможуваат да даваат погрешни резултати и почесто да се јавуваат при пребарувањето. Но, се чини дека Google сега одлучи да ги отстрани. Па, не баш буквално да ги отстрани, но да ги направи помалку нападни, со менување на некои клучни алгоритми што работат во заднината.
Објавено на 06.09.2022 - 12:00

Pages