Астрономија и астронаутика
Слика 1: Радијална брзина на објектите (извор: ESA/Gaia/DPAC)
Тимот на европскиот вселенски телескоп GAIA неодамна го објави третиот ѕвезден каталог на мисијата. Каталогот нуди обемни податоци за огромен број објекти во Млечниот Пат. Податоците, секако, ќе им бидат од корист на астрономите а особено на космолозите...
Објавено на 08.08.2022 - 11:30

Информатика
Од неодамна, Данска на својата политичка сцена има партија целосно управувана од вештачка интелигенција. Според најавите партијата има намера да учествува на следните општи избори во таа земја, предвидени во јуни 2023 година.
Објавено на 05.08.2022 - 14:15

Историја и археологија
Неочекувано откритие. Археолозите откопаа град кој датира од пред 3400 години. Античкиот град, кој бил скриен под вода, се појавил кога поради сушата драстично се намалило нивото на водата во акумулацијата во Мосул, во регионот на Курдистан во Ирак.
Објавено на 04.08.2022 - 13:30

Роботика
Минијатурниот медицински робот по име МИРА се упатува во вселената за да ги тестира своите хируршки вештини.
Објавено на 03.08.2022 - 18:30

Автомобилска техника
“ Да, МЕЊАЧОТ ПАДНА! ” е одговорот на прашањето од дежурната служба во што се состои дефектот на возилото за кое се бара помош. Дали е вистина ова на сликава? ДА, вистина е. Ретко се случува, но не е исклучено. Како може менувачот да отпадне? Исклучено е менувачот да падне доколку тој е добро (правилно) прицврстен на моторот.
Објавено на 03.08.2022 - 17:15

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој дванаесетти дел од серијата зборуваме за темата: „Викиликс објави снимки од лажно слетување на Месечината!?“.
Објавено на 03.08.2022 - 14:45

Психологија
Мошне често се случува мачките да имаат посебни афинитети кон одредени луѓе во семејството. Овие афинитети се поврзани со повеќе фактори… кои и не се толку различни од начинот на којшто ние луѓето ги избираме нашите омилени луѓе!
Објавено на 29.07.2022 - 17:45

Информатика
На една од најголемите конференции за безбедност во регионот – RISK 2022 во Словенија, КАБТЕЛ се стекна со уште една награда на полето на ИТ безбедноста.
Објавено на 29.07.2022 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Со оглед на многуте сличности што Јупитер ги споделува со неговиот сосед, Сатурн, се чини природно да се запрашаме зошто и Јупитер нема прекрасен, обемен систем од видливи прстени. Имено, иако Јупитер има прстени, тие се тенки, едвај видливи структури од космичка прашина, забележливи само кога е имаат заднинско осветлување од Сонцето. Според едно ново истражување, за “оскудноста” na овие бледи прстени виновни се јупитеровите галилееви месечини коишто не дозволуваат дисковите од карпи и прашина да се акумулираат на ист начин како што тоа е случај кај Сатурн.
Објавено на 29.07.2022 - 10:30

Информатика
Истражувањето на Atlas VPN откри дека Microsoft Office стана најчесто експлоатиран софтвер во нападите со малициозен софтвер. Во првиот квартал од оваа година, во дури 80% од сите напади, хакерите користеле багови во MS Office.
Објавено на 28.07.2022 - 16:45

Pages