Информатика
Оваа година за првпат имаме можност нашите читатели директно да ги информираме за настаните од конференцијата ИДФ во Сан Франциско, која секоја година во септември се одржува во овој град. Имено, благодарение на нашите деловни соработници, Примарк комуникации, официјалната PR-агенција на Интел за Mакедонија, ЕМИТЕР ексклузивно ќе земе учество во овогодишната конференција која ќе се одржи од 11 до 13 септември во Сан Франциско (САД) и од самото место ќе ги информира своите читатели за неколку од десетините настаните кои го одбележале тековниот ден. Задоволството е уште поголемо бидејќи ЕМИТЕР е единственото списание од Македонија кое директно ќе ги следи овие настани, а неговите читатели ќе ја имаат повластената можност да се информираат директно, од прва рака, за овој, еден од најзначајните настани во годината од сферата на информатичката технологија
Објавено на 10.09.2012 - 18:30

Медицина
Американски научник Реј Курзвеил, кој веќе подолго време работи на истражување на нанотехнологија, тврди дека размената на генетиката и развојот на компјутерската технологија се движат со невидена брзина и дека како резултат на тоа луѓето можат да станат "бесмртни" за помалку од 20 години...
Објавено на 06.09.2012 - 13:17

Астрономија и астронаутика
Слоеви на магла ја прекриваат Сатурновата месечина Титан на оваа фотографија направена од Војаџер 1 во сега далечната 1980 година. Фотографијата е направена при разминување на оддалеченост од 22 000 километри и е лажно обоена за да се истакнат деталите на маглината. Горниот густ слој од аеросол на...
Објавено на 05.09.2012 - 13:02

Информатика
Овој лаптоп компјутер е дел од првата палета производи за кои HP најави дека доаѓаат со вклучен Microsoft ® Windows ® 8. HP ENVY TouchSmart Ultrabook 4 плени со својот метален дизајн. Уредот е опремен со multitouch HD дисплеј со дијагонала од 35,5 cm (14"), дебел е сè на сè 23 mm и тежи едвам 2,16...
Објавено на 31.08.2012 - 12:11

Информатика
Новата колекција ултрабук компјутери HP ENVY, која ги спојува одличната забава и моќните перформанси спакувани во елегантен црно-црвен дизајн, ќе им помогне на учениците да ги постигнат најдобрите оценки во училиште и повторно да им останат часови за забава на крајот на денот. Со помош на двојните...
Објавено на 30.08.2012 - 15:17

Енергетика
Градското собрание на шпанскиот град Санта Колома де Граманет одлучило да постави соларни колектори на градските гробишта. Првпат кога ова било предложено, пратениците веднаш го одбиле предлогот, а три години подоцна го прифатиле и сега на гробиштата има 462 соларни панели, што претставува...
Објавено на 30.08.2012 - 10:30

Информатика
Новите сè-во-едно HP Photosmart печатачи со HP ePrint технологија, ]e im овозможат на учениците и студентите печатење од кој било уред којшто е поврзан со веб-конекција. Оваа серија уреди, исто така, на корисниците им нуди пристап за безжично печатење со Apple AirPrint ™ било од iPad ®, iPhone ®...
Објавено на 29.08.2012 - 17:08

Екологија
Истражувачите од Универзитетот Warwick смислиле нов метод со кој ќе може да се рециклира пластичниот отпад во целост. Досега можеше да се рециклира само околу 12 проценти од пластичниот отпад на домаќинствата, а остатокот се палеше, се закопуваше, дел се користеше како гориво во индустриски...
Објавено на 29.08.2012 - 10:32

Астрономија и астронаутика
Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на површината на Месечината, почина во саботата (25.8.2012 г.) на 82 годишна возраст, од компликации, по кардиоваскуларната оперативна процедура на која бил подложен. Нил Армстронг беше астронаут и тест-пилот на НАСА во 60-тите и 70-тите години на минатиот век...
Објавено на 27.08.2012 - 13:14

Медицина
Дали сте од оние лица кои во текот на жешките летни денови често бараат освежување со вкусен сладолед и ладни пијалаци, дополнително разладени со коцки мраз? Ако е така, веројатно забележувате дека понекогаш од вашите омилени ледени десерти добивате силна главоболка. За среќа, болката е со краток...
Објавено на 27.08.2012 - 11:16

Pages