Во еколошки чистите средини, поставувањето независен систем за напојување со електрична енергија значи употреба на “зелени“ решенија. Во близината на бањата Негорци кај Гевгелија, приватен инвеститор имаше потреба од фотонапонски систем за напојување на потoпна пумпа за испумпување вода, заради редовно наводнување на овоштарник. Близу овоштарникот природно постои мала рекичка од којашто се исцрпува водата за наводнување.
Со цел да обезбеди нормално наводнување, фирмата СИЕТО монтираше Off-grid фотонапонски систем со којшто се напојува 500-ватната DC потопна пумпа. Пумпата ја качува водата на висина од 30 m и ја носи 70 m во должина, до резервоарот од 3 m3. Од резервоарот, по природен пад се наводнува овоштарникот. Системот има сензори за нивото на водата кај пумпата и во резервоарот, а заради заштита на пумпата од лисја и гранки коишто ги влече водата, беше изработен и специјален заштитен кафез во којшто таа подоцна беше сместена.
Пумпата има електрично напојување од два PV панели (Yingli Solar), по 275W секој – вкупно 550W, а напојувањето на пумпата со работен напон од 48V се прави преку соодветен контролер и инвертор.
-- комерцијален напис --