Медицина
Во вторникот, 11 август 2020, светот конечно слушна вест што ја очекуваше долго и со нетрпение. Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Министерството за здравство на Руската Федерација ја одобрило првата вакцина против SARS-CoV-2 за широка употреба за итни случаи. Развиена е на Институтот Гамалеја во Москва, со поддршка од Министерството за одбрана на Русија.
Објавено на 15.08.2020 - 19:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на данскиот физичар Ханс Ерстед, на британскиот физиолог Ричард Дарвин Кејнс и на францускиот физичар и нобоеловец Луј де Број. Исто така го одбележуваме и денот кога истражувачите на СЕТИ го забележија WOW сигналот.
Објавено на 15.08.2020 - 15:45

Астрономија и астронаутика
На 10 август познатиот радиотелескоп Аресибо во Порторико беше оштетен при пукање на челична сајла што потоа удрила во една од антените која при падот направила 30-метри широка дупка во садот со пречник од 307 метри. Сите астрономски набудувањата се запрени на најмалку 2 недели, додека тече истрагата за овој инцидент.
Објавено на 14.08.2020 - 22:00

Астрономија и астронаутика
Сликата видлива преку т.н. гравитациска леќа
Астрономите досега го сметаа раниот универзум како диво место каде владе беззаконието, со хаотични и едвај формирани галаксии исполнети со вртлози од гасови и ѕвезди во процес на формирање на секој чекор. Токму затоа, сликата објавена вчера од страна на ЕСО е вистинско изненадување...
Објавено на 14.08.2020 - 13:30

Хемија
Едно истражување од областа на хемијата може наскоро да му овозможи на целиот свет создавање низа корисни производи, од текстилни бои до фармацевтски производи, речиси од ништо. Па, добро, не баш од ништо, туку од воздух.
Објавено на 13.08.2020 - 12:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на австрискиот физичар и нобеловец, Ервин Шредингер, и на британскиот биохемичар и двоен нобеловец, Фредерик Сангер. Се сеќаваме на лансирањето на првиот пасивен комуникациски сателит на НАСА и му оддаваме почит на Вилијам Шокли, таткото на транзисторот.
Објавено на 12.08.2020 - 21:30

Информатика
Едвај се слегна прашината по кибер-нападот врз Гармин, по кој оваа компанија беше принудена да им плати неколку милиони долари на хакерите за да го добие клучот за декрипција на огромната количина нивни интерни податоци, а ете уште еден технолошки гигант стана жртва на ренсомвер напад.
Објавено на 12.08.2020 - 12:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденот на ултрапопуларниот соосновач на Епл компјутери, американскиот иноватор и пронаоѓач Стивен Возниек. Покрај ова го одбележуваме денот на основањето на една од најголемите американски институции – Смитсонијан, се сеќаваме на Магелан неговиот пат околу Земјината топка, како и лансирањето на сондата со негово име кон Венера.
Објавено на 11.08.2020 - 18:00

Индустриски дизајн
Кон крајот на месец јули, започна со работа првиот 3Д Хаб во земјава кој промотивно нуди бесплатни обуки за сите студенти за 3Д печатење и моделирање.
Објавено на 10.08.2020 - 22:00

Архитектура и градежништво
Ви треба светлина, но сакате приватност? Новиот вид дрво, проѕирно, цврсто и убаво за око, би можело да биде токму она што го посакувате. Овој градежен материјал, инспириран од природата, со светлосна пропустливост од околу 80% овозможува светлината да ја исполни просторијата. Но истовремено, материјалот е природно замаглен (93%), попречувајќи го погледот на љубопитните соседи.
Објавено на 10.08.2020 - 13:15

Pages