или како ивермектинот и покрај резултатите добива лоши препораки
Минатата недела во Journal of Medical Virology излезе најнов труд за ефектот на ивермектинот кај хоспитализираните пациенти. И повторно апсурд. Следете внимателно.
Уште од пролетта 2020 докторите открија дека кога количникот неутрофили/лимфоцити (NLR) е поголем од 4, односно возраста поголема од 50 години и NLR>3,13, шансите за ковидот да се развие во критична фаза се драстично зголемени. Па ако пациентот е постар од 50 години и има NLR>4, многу е веројатно дека по заболувањето ќе се најде на одделот за интензивна нега и ќе има потреба од механичка вентилација, со што шансите да почине се повисоки од 50%.
Овие податоци за првпат беа презентирани во трудот објавен во мај 2020 во Journal of Translational Medicine, а потврда за наодите веќе беше објавена во август истата година во Elsevier Public Health Emergency Collection (достапно преку National Library of Medicine).
Во најновата американска студија објавена минатата недела, 60 пациенти кои примиле ивермектин во болница, пред терапијата имале просечен NLR>6. Ова значи дека биле многу болни, а некои од нив морале да бидат интубирани на интензивна нега.
Бидејќи се работи за опсервациско нерандомизирано испитување, за да се приближи што повеќе до рандомизирано испитување, во кое би биле вклучени 226 контролни пациенти, односно заболени кои не примале ивермектин, со помош на специјален софтвер и процес на спарување (matching), биле најдени 60 пациенти чијашто здравствено состојба била иста како кај 60-те пациенти кои го примиле лекот. Оваа статистичка метода е сосема валидна, се користи уште од 1983 и се нарекува Propensity score matching (PSM).
Но, и покрај квази-рандомизирањето со PSM, 60-те контролни пациенти имале просечен NLR<0,5 (14 пати помал од групата со ивермектин), ова може да го видете на сликата подолу. Значи, примената на PSM не резултирала со воедначени групи. Пациентите во групата која била третирана со ивермектин, сепак останале многу поболни од најсличните контролни пациенти.
Во кратки црти, биле добиени следните резултати:
• 83% пократко време на интубација во групата третирана со ивермектин;
• 70% пократко време поминато на интензивна нега во групата третирана со ивермектин;
• 75% помалку смртни случаи во групата третирана со ивермектин.
И покрај очебијната разлика во исходот, на крај авторите – докторите коишто го спровеле третманот заклучуваат дека "Нема разлики помеѓу групите во однос на должината на престојот во болница, приемот во интензивна нега, стапката на интубација и смртноста во болница."!? Мошне интересно...
Уште поинтересно е тоа што кон почетокот на ноември министерството за здравство на Малезија објави резултати од сопствената рандомизирана студија за лечењето на ковид со ивермектин, каде што исто така имаше 75% редукција на смртноста кај тешко болните од ковид. И покрај тоа тие заклучуваат дека ивермектинот не помага!?
Па да го разгледаме од поблиску ова неодамнешно малезиско рандомизирано клиничко испитување, во коешто биле вклучени 500 лица, сите постари од 50 години и кои сите страдале од барем еден коморбитет. Сите пациенти биле регрутирани во рок од 7 дена од појава на симптомите. Со други зборови, категоријата луѓе која сочинува 90-95% од смртните случаи од ковид. Значи, најризичните ги испитувале.
241 пациенти биле третирани со ивермектин и 249 пациенти биле во контролната група. Оние кои примиле терапија биле третирани со доза од 0,4 mg/kg ивермектин во текот на 5 последователни дена. 51 пациент од групата третирана со ивермектин и 43 пациенти од контролната група развиле тешка форма на ковид-19. Така, со оглед на тоа што разликата во овој поглед била мала, се смета дека ивермектинот потфрлил како антивирусен лек и, очигледно, не успеал да ја спречи инфламацијата повеќе од плацебото. Овој резултат селективно беше искористен од анти-ивермектинските пропагандисти како доказ дека ивермектинот не помага при ковид.
Што всушност се случило?
И покрај релативно блиската стапка на развој на тешка форма на ковид-19 во двете групи, она што е забележливо е помалиот број случаи на смртен исход на болеста. Имено, во групата третирана со имермектин имало 3 смртни случаи од 241, додека во контролната група 10 од 249. Тука нема субјективно толкување и простор за пристрасност. Но, за чудење е како тоа на повеќе пациенти кои биле третирани со ивермектин им се влошила состојбата, а сепак само 3 починале наспроти 10 во контролната група!?
Ова значи редукција на смртноста од 70% кај целото множество пациенти, а веројатноста сево ова да било резултат на случајност е p=5.6%.
И покрај тоа заклучокот на Министерството за здравство на Малезија е дека ивермектинот не помага и не треба да се користи за ковид?!
Меѓутоа, погледнете ја само табелата со резултатите. Ивермектинот сепак успеал да ја намали смртноста кај болните од тежок ковид за 75%. И тоа со интервал на доверба со позитивна долна граница [14%, 93%], токму како што треба за да се докаже дека ефектот не е резултат на случајност. Ова значи дека тврдењето дека ивермектинот е само антивирусен лек “не држи вода”.
Инаку, како и на повеќе места во светот во Малезија со месеци се води анти-ивермектинска пропаганда, слично како што тоа е случај во САД, ЕУ, Австралија и во многу други држави.
Зошто ивермектинот не успеал како антивирусен лек при ова истражување?
Како што и претходно било нагласувано, ако со ИВМ се почне доцна, во просек по 3-4 дена од симптомите, особено со брзо реплицирачки соеви како алфа и делта, спречување на репликацијата на вирусот е загубена битка. За да се спречи прогресија до инфламација, односно хоспитализација, вирусот мора многу рано и агресивно да биде нападнат од антивирусни лекови и неговото размножување да биде сузбиено (да се потсетиме само на препораката и изготвениот протокол за употреба на ивермектинот како третман против ковид од докторите од FLCCC од лани, тука). Идеално, третманот треба да почне уште првиот час од почетокот на симптомите.
Повеќе трудови докажуваат дека ивермектинот има докажани имуномодулаторни, анти-инфламаторни својства, па дури спречува и запушувања на капилари. Секако, доколку се употребува во соодветните дози. Со логичка и со информирана обработка на податоците се докажува дека ивермектинот може да спасува од ковид, дури и ако се примени во подоцната фаза од болеста, но со повисоки дози од оние за ран третман. Иако, како што укажуваат досегашните искуства и трудови, најдобри резултати се добиваат ако се започне со примена на ивермектин уште првиот ден од симптомите, како ран третман.
Зошто кај некои истражувања ивермектинот не покажува резултати? Употребата на релативно мали дози, краткотрајноста на третманот – само 3 дена, како и тајмингот – лекот бил даден во ВТОРИОТ дел од симптоматската фаза. Во секој од овие случаи лекот бил даден или предоцна за да делува како антивирусен агент или во премали дози за да делува како анти-инфламаторен лек. Токму оваа стратегија ја имаат имплементирано сите големи рандомизирани студии за дејството на ивермектинот против ковид-19 спонзорирани од Гејтс фондацијата, од Оксфорд и од NIH.
Сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за некои од дополнителните дејства на ивермектинот, за кои патем се знае и од порано, пред да нè згоди пандемијава, може да ги погледнат следниве истражувања: за имуномодулаторните својства видете тука, тука и тука; за студии за анти-инфламаторни својства кликнете тука, тука, тука и тука; и, конечно, за употребата на ивермектинот за редукција на запушувања на капиларите погледнете тука.
Дали заклучоците дека некој лек не функционира, наспроти позитивните резултати, се добра наука или пак можеби се работи за валкана дискретна кампања за протуркување на што поскапи лекови? Којзнае... Времето го ќе каже своето, а да се надеваме дека повеќето од нас ќе бидеме тука да посведочиме кој бил во право.
За крај, ве оставаме со една интересна забелешка од јапонскиот професор и лекар Харуо Озаки, претседател на Токиската медицинска асоцијација, којшто се залага за примена на ивермектинот за третирање на ковид-19, изложена во неговото августовско интервју за јапонскиот весник Yomiuri Shimbun. Тој забележува дека во Јапонија пристапот до овој лек е ограничен, најмногу поради стопирањето дистрибуцијата од производителот Мерк. За ова Озаки коментира: ”Но [Мерк] вели дека ивермектинот не делува, па не би требало да има потреба од ограничување во снабдувањето воопшто, бидејќи ако не функционира, нема да има побарувачка. Јас верувам дека функционира и затоа се блокира доставата.”