Анализата на јавни сметки во облак на Amazon Web Services, Microsoft Azure и Google Cloud Platform откри позитивен тренд кога станува збор за заштитата на податоците во облак, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат корисниците на ваквите сервиси. Новото истражување покажа дека минатата година, 70% од организациите што користат јавни услуги во облак имале некаков инцидент со безбедноста. Тие инциденти вклучуваат напади со ransomware или друг злонамерен софтвер (50%), протечени приватни/корпоративни податоци во јавност (29%), компромитирани сметки (25%), и криптохакирање (17%).