Рубрика: Медицина
Инфографик: преглед на достапните тестови за дијагностика на ковид-19
Автор: Н Н
Објавено на 21.12.2021 - 12:30

Дијагностиката се покажа како клучен елемент во соодветното справување со пандемијата од ковид 19.

Прегледот во научното медицинско списание The Lancet ги оценува трите главни методи за откривање на инфекцијата со SARS-CoV-2 и нивната улога во справувањето со пандемијата. Овој инфографик дава визуелен преглед на силните и слабите страни на молекуларните (PCR) тестови, антигенските тестови (со дектектирање латерален проток) и серолошките тестови (антитела). Истовремено даден е и преглед на упатствата за нивна ефективна употреба во различни услови.

Сите три типа на тестови за ковид-19 и понатаму имаат клучна улога во точката на премин од справување со пандемијата во контрола на пандемијата.

За повеќе детали прочитајте ја целосната студија достапна онлајн во The Lancet.

Клучни зборови: