Тим истражувачи од Германија, Франција и Велика Британија откри долга тенка нишка од густ гас што ги поврзува два од спиралните краци на галаксијата Млечен Пат. Во нивниот труд објавен деновиве во The Astrophysical Journal Letters, групата ја опишува нивната работа за проучување на гасот јаглерод моноксид во нашата галаксија.
Претходните истражувања покажаа дека кај другите галаксии се присутни долги нишки од гас со странични шилци, кои гледано од Земјата наликуваат на пердуви. Но, бидејќи проучувањето на галаксијата Млечен Пат од перспектива на Земјата е мошне тешко, досега не биле забележани вакви карактеристики во нашата матична галаксија.
Во својата работа, истражувачите ги проучувале концентрациите на јаглерод моноксид во податоците од телескопот APEX во Сан Педро де Атакама, Чиле. Притоа забележале концентрации кои претходно не биле видени, а откако тоа внимателно го проучиле, откриле дека се работи за дел од голема формација на гас којашто се протегала речиси од центарот на галаксијата кон надвор, поврзувајќи два од краците кои го даваат специфичниот изглед на галаксијата.
(горе) 13CO интегрирана мапа на интензитет од истражувањето SEDIGISM во опсегот на брзина од −95 до −75 km s−1, кадешто е забележлива брановидна карактеристика. (долу) 12CO интегрирана мапа на интензитет од истражувањето ThrUMMS во истиот опсег на брзина како горниот панел, измазнет до аголна резолуција од 5'. Сликите се протегаат по y-оската за подобра визуелизација.
Истражувачите ја нарекле формацијата Ганготри бран, во чест на огромниот глечер чиешто топење ја изнедрува реката Ганг. Инаку, во Индија, галаксијата Млечен Пат е позната како Акаша Ганга. Новооткриениот пердув се простира на приближно 5,6764e+16 до 1,22989e+17 километри помеѓу два од галактичките крака и се наоѓа на приближно 1,6083242e+17 километри оддалеченост од ротациониот центар на галаксијата. Неговата маса е проценета дека е приближно еднаква на онаа од девет милиони сонца. Пред новото откритие, сите гасни “конци” кои биле детектирани во Млечниот Пат се простирале во иста насока со спиралните краци.
Истражувачите откриле дека бранот Ганготри има уште една уникатна и интересна карактеристика – бранот не е толку прав како што би се очекувало. Наместо тоа, тој е распослан во шема слична на синусен бран. Истражувачите не биле во можност да го објаснат чудниот феномен, но забележале дека оваквата распространетост веројатно се должи на дејството на некоја сила, па проучувањето на оваа карактеристика веројатно ќе биде во фокусот на многу од претстојните истражувачки напори. Тимот планира да продолжи со проучување на гасовите во Млечниот Пат, овојпат активно барајќи нови пердуви.
(горе) 13CO интегрирана мапа на интензитет од истражувањето SEDIGISM во опсегот на брзина од −95 до −75 km s−1, кадешто е забележлива брановидна карактеристика. (долу) 12CO интегрирана мапа на интензитет од истражувањето ThrUMMS во истиот опсег на брзина како горниот панел, измазнет до аголна резолуција од 5'. Сликите се протегаат по y-оската за подобра визуелизација.