На граница на науката
Ако како нас внимателно ги следите сите нешта во врска со тековната пандемија, како од научна така и од ненаучна провениенција, веројатно знаете за што зборувам. Пред две недели, којзнае како, еден крајно несериозен „труд“ кој се обидува да изгради врска меѓу 5G-технологијата – коронавирусот – пандемијата, се најде за момент и на сајтот на едно научно списание од областа на медицината, Journal of Biological Regulators and Homeostatic Agents.
Објавено на 08.08.2020 - 23:45

Информатика
Каква ќе биде судбината на TikTok во САД ќе се знае кон средината на месец септември, до кога имаат време да се договорат со Мајкрософт за продажбата. Но Facebook не сака да чека толку долго и веќе започна со директен напад на дел од пазарот на TikTok. Откако во Индија, Бразил и уште неколку европски земји ја тестираше новата опција на Инстаграм за кратки видео записи, под името Reels , опцијата стана и службено станале достапна во САД. Reels стана достапен во повеќе од 50 земји, вклучително САД, Велика Британија, Јапонија и Австралија како за iOS така и за Android уредите.
Објавено на 07.08.2020 - 18:30

Информатика
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd на виртуелниот настан Galaxy Unpacked ги претстави новиот паметен часовник Galaxy Watch3 и безжичните слушалки Galaxy Buds Live.
Објавено на 06.08.2020 - 13:00

Информатика
Безбедносната компанија CheckPoint открила критичка ранливост на Windows DNS серверот стар дури 17 години. DNS (domain name system) е систем кој дава услуги за промена на IP адреси во домеин и домеин во IP адреси. DNS најчесто праќа информација преку UPD портата 53. Клиентот испраќа едно барање до серверот, а серверот му одговара со едно барање.
Објавено на 05.08.2020 - 13:30

Информатика
Пред две години Google ја стартуваше опцијата за Google One членство, кое нудеше повеќе различни планови за складирање податоци, можност за споделување на просторот за складирање со други членови или со семејството, поволности за овие членови во сегментот на онлајн продавницата за апликации Google Play, поддршка “во живо” и слично. Покрај тоа, стартуваше и автоматскиот backup за податоци и креирање на безбедносни копии за сите корисници на Андорид уредите.
Објавено на 04.08.2020 - 15:15

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на руско-американскиот иноватор Владимир Зворикин, пионер во доменот на телевизијата, и Стефани Кволек, американската хемичарка што го пронајде кевларот. Ја одбележуваме годишнината од смртта на британската хемичарка и нобеловка Дороти Хоџкин, од слетувањето на мисијата Аполо 15 на Месечината и од добивањето на првата детална фотографија од површината на Месечината.
Објавено на 31.07.2020 - 21:30

Информатика
Facebook ќе овозможи дополнително ниво на сигурност при отворањето на апликацијата Messenger на iPhone и iPad. Сега таа може да се заклучи при затворање по што, за да ја отворите, побарува потврда на идентитетот со помош на Face ID или TouchID.
Објавено на 31.07.2020 - 14:15

Информатика
М6 Едукативниот Центар, кој се наоѓа на листата даватели на обуки за дигитални вештини за млади лица во соработка со КАБТЕЛ, креираше нестереотипна обука Networks and Cyber security. Оваа обука го развива, пред сè, практичното знаење на учесниците, со која, по завршувањето на обуката, стануваат подготвени за работа во голем број компаниите во кои овие вештини се повеќе од неопходни.
Објавено на 30.07.2020 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Денес, од Кејп Канаверал, НАСА го лансира роверот Упорност (Perseverance), познат и како Марс2020. Според планот роверот треба да слета на површината на Марс на 18 февруари 2021 година во кратерот Језеро.
Објавено на 30.07.2020 - 13:30

Електроника
Една од најважните вештини што треба да ја стекне секој што сака да се занимава со практична електроника е лемењето. Па така, секој вистински и пасиониран електроничар, веќе одамна ги има прочитано сите објавени упатства и совети за лемење од стручните книги и списанија за електроника и има изгледано стотици видеа на YouTube на оваа тема. Поседува повеќе лемила и лемни станици за различни намени и се гордее со вештината со којашто знае да ги користи. За одржување на кондицијата, дневно леми и одлемува најмалку по сто компоненти на/од двострани плочки (за однапред зададено време), ужива во мирисот на растопениот калофониум и смета дека е кондициски подготвен за каков било натпревар или задача поврзана со лемење, барем на државно ниво. Но, дали неговата висока самодоверба и мислење за себе навистина соодветствуваат на неговите способности и на постигнатото ниво? А што ако направил некаков ситен превид, па некако се случило во темелите на своето знаење да стави и некои фалични елементи, сметајќи ги за исправни? Дали некогаш направил сериозен стрес-тест, за да ја провери стабилноста на својата градба?
Објавено на 30.07.2020 - 12:45

Pages