Медицина
Вакво континуирано намалување на преносливоста, мерено преку ефективниот репродукциски број Rt (на првиот дијаграм) не сме имале уште од претходното ограничување на работното време на кафеаните за време на есенскиот бран. Ефикасноста на затворањето на кафеаните многу добро се гледа и преку стеснувањето на бранот (при врвот) сега, во однос на есенскиот бран (на вториот дијаграм). Најголема грешка би била доколку сега би ги олабавиле мерките, како што многупати правеле во минатото, започнувајќи од првото ланско олабавување за Рамазан бајрам / Св. Кирил и Методиј.
Објавено на 18.04.2021 - 11:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на германскиот математичар Петер Апиан, на авијатичарот Вилбур Рајт и на шкотскиот хемичар Џозеф Блек. Покрај ова одбележуваме 65 години од продажбата на првиот радиоприемник на сончева енергија, 74 години од презентацијата на првиот зум-објектив и 109 години од денот кога за првпат една жена го прелета Ламанш.
Објавено на 16.04.2021 - 16:45

Психологија
Во современиот свет на патувања, туристичките понуди се преполни со поетски описи на азурното небо и проѕирните тиркизни води на далечните дестинации. Но, колку овие придавки што го потенцираат синилото би имале смисла за нашите предци? Па, како што тврди науката – речиси ич.
Објавено на 16.04.2021 - 10:15

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на најпознатиот ренесансен уметник и научник Леонардо Да Винчи. Покрај тоа го одбележуваме денот за кој многумина велат дека претставува роденден на компјутерската индустрија. Се сеќаваме и на делата на македонскиот физичар Борис Стојчев и рускиот научник Михаил Василевич Ломоносов...
Објавено на 15.04.2021 - 16:30

Омнибус
Ако во минатото, книгата беше најдобриот пријател на детето, денес тоа се таблетите, мобилните телефони, уредите и екраните. Како обид за пркос кон дигиталното време, персонализираните книги претставуваат начин на којшто се инспирира љубовта кон читањето кај децата.
Објавено на 15.04.2021 - 16:15

Хемија
Молекуларниот облак Бик, фото: Јужна европска опсерваторија
Во ѕвездениот меѓупростор, во прашината од којашто се изнедриле самите ѕвезди, научниците пронајдоа молекули што никогаш претходно не биле забележани во вселената.
Објавено на 15.04.2021 - 15:45

Информатика
На почетокот од оваа недела цената на биткоинот ја надмина вредноста од 62 000 долари, што е историска вредност на оваа криптовалута воочи излегувањето на една од најголемите крипто компании Coinbase на берзата.
Објавено на 14.04.2021 - 23:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на холандскиот физичар и астроном и еден од двигателите на научната револуција Кристијан Хајгенс, американскиот електроинженер кој остави длабока трага во развојот на електрониката, Херолд Стивен Блек, и на новозеландскиот хемичар Ален Мекдајармид. Покрај ова денес се сеќаваме и на првата жена лекар во Македонија – Захарина Димитрова Веловска, и одбележуваме точно 65 години од претставувањето на првото практично решение за видеорекордер со магнетна лента...
Објавено на 14.04.2021 - 21:15

Психологија
Со неговиот вресок човекот може да пренесе до околината најмалку шест емоции, а помеѓу секој од овие крици постојат јасни акустички разлики.
Објавено на 14.04.2021 - 12:15

Информатика
Втора година по ред Kaspersky е по квалитетот на првото место во партнерската програма Canalys Worldwide Vendor Benchmark. Компанијата доби највисока оценка од 87,8%. Со ова Kaspersky уште еднаш ги надмина останатите производители на опрема за кибер безбедност и повторно е број еден по задоволството на канал парнерите.
Објавено на 13.04.2021 - 16:30

Pages