Аудио и видеотехника
Книгата Биографија на аналогниот магнетофон во редакцијата на Емитер
Како што веќе најавивме, од денес во е-продавницата на ЕМИТЕР стана достапно извонредното дело од областа на аудиотехниката „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски – Барми. Се работи за научно-популарно издание кое главно се занимава со историјата на аудиотехнологијата и музиката и е прво од таков вид во регионов.
Објавено на 03.03.2023 - 17:15

Историја и археологија
Меѓународен истражувачки тим открил претходно непозната комора во Кеопсовата пирамида во Гиза. Уште во 2016 година, мерењата дадоа причина да се претпостави постоењето на скриена шуплина во близина на камените блокови поставени над влезот. Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен (ТУМ) се послужиле со ултразвук и ендоскопија за да придонесат кон потврдување на оваа претпоставка. Статусот на египетската пирамида како една од најдобро истражените структури во светот му дава особена важност на ова откритие.
Објавено на 03.03.2023 - 14:30

Климатологија
Источна Африка е многу посува од другите тропски копнени региони, вклучувајќи ги и дождовните шуми Амазон и Конго. Отсекогаш се сметало дека релјефот на Источна Африка го прави регионот сув и подложен на суши, но прецизниот механизам за оваа состојба досега не беше познат. Едно ново истражување покажува дека речните долини што се простираат од исток кон запад се клучен фактор за нискиот обем на годишни врнежи.
Објавено на 03.03.2023 - 13:15

Електроника
Поврзувањето на електронски модули сега станува детска игра. Еден меѓународен тим предводен од истражувачи од технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур (NTU Singapore), разви универзален конектор што го прави склопувањето на растегливите електронски уреди лесно како градењето со Лего коцки.
Објавено на 02.03.2023 - 14:15

Информатика
По повод 8 Март, Mеѓународниот ден на жената, Women in Tech Macedonia и Data Masters организираат серија на панели кои имаат за цел да ги инспирираат и мотивираат жените во нашата ИТ заедница. Планирани се три панела, на кои некои од најистакнатите членки на ИТ заедницата во Македонија ќе ги споделат своите лични искуства на различни теми.
Објавено на 01.03.2023 - 13:00

Биологија
Пред 70 години, биохемичарите Џејмс Вотсон (1928) и Френсис Крик (1916-2004) од лабораторијата Кевендиш во Кембриџ, први ја предвидоа структурата на нашата ДНК. Но, малкумина знаат дека ова откритие се оствари благодарение на силното ривалство, но и со прибегнување кон понекое лукавство...
Објавено на 01.03.2023 - 12:15

Телекомуникации
На овогодинешниот Светски конгрес за мобилна телефонија во Барселона, MediaTek ја демонстрираше својата 3GPP технологија за не-земна мрежа (NTN) која носи двонасочна сателитска комуникација на паметните телефони. Во Барселона се лансираат и првите паметни телефони со сателитско поврзување на MediaTek, а компанијата соопшти дека ќе бидат претставени повеќе уреди во наредните месеци. MediaTek исто така ја споделува својата следната 5G генерација на New Radio NTN (NR-NTN) технологија за следниот бран уреди со можности за сателитска комуникација.
Објавено на 28.02.2023 - 17:15

Медицина
Едно ново истражување кое ги следело навиките и здравјето на речиси 14 000 жени во текот на две децении, открило дека седум здрави навики и фактори на начин на живот можат да играат улога во намалувањето на ризикот од деменција. Прелиминарната студија беше објавена оваа недела, а ќе биде претставена на 75-тиот годишен состанок на Американската академија за неврологија што треба да се одржи во Бостон, САД, од 22 до 27 април оваа година.
Објавено на 28.02.2023 - 14:30

Информатика
Зголемена слика на мозочен органоид произведен во лабораторијата на Томас Хартунг, Универзитет Џон Хопкинс
„Биокомпјутер“ што ќе работи на човечки мозочни клетки можеби ќе стане реалност уште во текот на нашиот живот, велат истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс кои очекуваат овој тип на технологија експоненцијално да ги прошири можностите на современите компјутери и да создаде нови полиња на студии. Тимот ја опиша нивната визија за „органоидна интелигенција“ денес во научното списание Frontiers in Science.
Објавено на 28.02.2023 - 12:00

Медицина
Откако мошне брзо по прогласувањето на пандемијата, во март 2020 година научниците побрзаа да кажат дека вирусот нема лабораториско потекло, , две години подоцна ситуацијата се чини дека се менува. Пандемијата од ковид веројатно беше предизвикана со случајно истекување на вирусен материјал од лабораторија, се тврди во извештајот на американското Министерство за енергетика, којшто, сепак, се заснова на (ахем) „слаби докази“, јавува Wall Street Journal кој добил пристап до документот.
Објавено на 27.02.2023 - 13:00

Pages