На овогодинешниот Светски конгрес за мобилна телефонија во Барселона, MediaTek ја демонстрираше својата 3GPP технологија за не-земна мрежа (NTN) која носи двонасочна сателитска комуникација на паметните телефони. Во Барселона се лансираат и првите паметни телефони со сателитско поврзување на MediaTek, а компанијата соопшти дека ќе бидат претставени повеќе уреди во наредните месеци. MediaTek исто така ја споделува својата следната 5G генерација на New Radio NTN (NR-NTN) технологија за следниот бран уреди со можности за сателитска комуникација.
Сателитските мрежи имаат за цел да ги пополнат празнините во мобилната покриеност, нудејќи сигурен начин уредите да комуницираат на оддалечени локации. Паметните телефони со можност за сателитска коминикација ќе им овозможат на потрошувачите да останат во контакт во ситуации кога традиционалната мрежа не нуди покриеност, а технологијата ќе им овозможи на корисниците да побараат помош во итни ситуации. Во моментов, најголемата пазарна можност за 3GPP NTN технологијата се паметните телефони, иако постои зголемена побарувачка за сателитско поврзување и во делот на IoT апликациите од разни области, како што се земјоделството, шумарството и логистиката. Автомобилската индустрија, исто така, се очекува да биде главен пазар за сателитската комуникациска технологија во наредните години.
„Двонасочната сателитска комуникација на паметните телефони и другите уреди ќе нè воведе во нова ера на поврзување и ќе отвори нови можности низ многу различни вертикали“, рече JC Hsu, корпоративен потпретседател и генерален директор на деловната единица за безжични комуникации на MediaTek. „Нашите самостојни MT6825 чипсети, засновани врз отворениот 3GPP NTN стандард, може да се интегрираат во кој било водечки паметен телефон за да обезбедат беспрекорно искуство на сателитско поврзување.”
Портфолиото на сателитски комуникации на MediaTek е насочено да ги таргетира и IoT-NTN и NR-NTN технологиите, што може да се насети врз основа на претставените 3GPP 5G спецификации за. IoT-NTN технологијата е погодна за пораки бидејќи е дизајнирана за врски со мала проток на податоци, додека NR-NTN овозможува повисока стапка на размена на податоци што може да поддржува видеоповици и други апликации.
Имајќи предвид дека сателитските мрежи во моментов на обемно ниво можат да поддржуваат само IoT-NTN, првичниот бран на паметни телефони и други уреди со овозможени сателитски услуги напојувани од MediaTek ќе бидат дизајнирани за двонасочни сателитски услуги за размена на пораки.
Во моментов MediaTek соработува со Bullitt за да ги донесе првите комерцијално достапни уреди во светот со 3GPP NTN технологијата, користејќи го чипсетот MT6825 за поврзување со Bullitt Satellite Connect платформата. Ова ги вклучува паметните телефони Motorola defy 2 и CAT S75; и сателитски линк за Motorola defy, компактен и лесен Bluetooth додаток кој им овозможува на Android и iOS уредите да се поврзат со Bullitt
Според Bullitt, неговата услуга Satellite Connect ќе им обезбеди на корисниците пристап до двонасочни сателитски севиси за размена на пораки, споделување на локација и итен SOS повик на повеќе локации ширум светот.
Претстојниот NR-NTN чипсет од MediaTek ќе им овозможи на уредите да поддржуваат услуги со повисоки стапки на податоци како навигација и комуникација во реално време.
Како што во текот на следните години сателитските мрежи ќе ја вградуваат можноста за NR-NTN, се очекува иновацијата да најде се повеќе примени како кај обичните потрошувачи, претпријатија и индустриските технологии, со оглед на тоа што паметните телефони, IoT уредите и возилата ќе можат да ги искористат предностите на постојаната поврзаност насекаде.
За да им се олесни на брендовите да ги интегрираат двонасочните сателитски комуникации во паметните телефони и другите уреди, решенијата за IoT-NTN на MediaTek доаѓаат во вид на самостојни чипсети што може да се додадат на кој било 4G или 5G уред. Чипсетите го користат отворениот стандард 3GPP R17 NTN, наместо сопствените решенија. За ОЕМ, предноста на стандардот е во тоа што штом уредот ќе биде сертифициран за 3GPP R17 IoT-NTN, тој ќе може да се користи на која било мрежа што е во согласност со IoT-NTN стандардите.
Дополнително, операторите на мобилната мрежа можат да соработуваат со давателите на услуги за да понудат услуги за роаминг или да воспостават свои сателитски мрежи кои го поддржуваат стандардот.
Покрај придобивките од поддршката за 3GPP R17 NTN, чипсетот MT6825 IoT-NTN на MediaTek има голем број други карактеристики. Може да се поврзе со групата сателити со геосинхрона екваторијална орбита (GEO), кои лесно може да се претворат во мрежа во согласност со 3GPP NTN стандардот и коишто се се широко достапни сега на орбитата. За да обезбеди беспрекорно искуство, MT6825 им овозможува на уредите автоматски да примаат пораки од сателити, за разлика од другите решенија кои бараат од корисниците рачно да проверуваат дали има пораки. Чипсетот има ниски системски побарувања, многу е ефикасен овозможувајќи поголемо траење на батеријата и доаѓа во високо интегриран дизајн кој помага да се забрза неговото лансирање на пазарот.