Астрономија и астронаутика
Скопското Астрономско Друштво во четврток, 10 октомври, во 20 часот го започнува веќе редовниот есенски циклус на популарни предавања од областа на астрономијата.
Објавено на 07.10.2019 - 17:15

Психологија
Замислете си беспрекорна меморија што никогаш не го заборава изминатиот настан и го помни секој момент од животот. Но, ако спомените никогаш не исчезнуваа, ако секое искуство остануваше неизбришливо врежано во нашиот ум, нашата глава ќе беше толку преполна, што ќе бевме во состојба на вечен хаос со којшто тешко ќе можевме да се справиме во реалноста, како што тоа не му поаѓа од рака ниту на ликот Фунес Ел Мемориозо, кому Хорхе Луис Борхес му доделува токму ваква способност во еден од неговите раскази.
Објавено на 07.10.2019 - 13:00

Информатика
На facebook повеќе не е можно да споделите линк што води до The Pirate Bay или до некој од другите торенти во неговото внатрешно пребарување. Оваа промена во политиката на Facebook беше забележана од страна на Torrent Freak, а по оваа вест можноста за споделување ја проверивме и ние. Инаку, The Pirate Bay не е единствениот извор за пиратски содржини којшто е блокиран од страна на facebook, но секако е најпознатиот.
Објавено на 04.10.2019 - 14:15

Физика
Истражувачи од Сити колеџот на Њујорк известуваат за успешна демонстрација на работата на ЛЕД-диода која се заснова на полусветлосни/полуматеријални квази-честички во атомски тенките материјали. Воедно се работи и за првиот успешен тест на електрично управуван светлински емитер со употреба на полуспроводници со дебелина (слој) од еден атом, вградени во структура за фаќање на светлината (оптичка замка).
Објавено на 03.10.2019 - 17:00

Информатика
Мобилната апликација за Општина Карпош, мЗаедница, е добитник на Европската награда за млади за 2019 година (European Youth Award 2019), во категоријата “Активно граѓанство – дигитално решение со влијание врз општеството“.
Објавено на 03.10.2019 - 12:45

Медицина
За првпат досега, машината за перење е посочена како резервоар на патогени бактерии отпорни на повеќето современи лекови. Патогените микроорганизми, за чиешто ширење како изворишна точка била посочена машина за перење, биле клон на Klebsiella oxytoca. Случајот е регистриран во една германска детска болница, каде што бактериите повеќепати биле пренесувани на новороденчињата сместени во одделението за неонатална интензивна нега. Разнесувањето на патогените било запрено дури откако машината за перење физички била отстранета од болницата. Случајот и истражувањето поврзано со него оваа недела е објавен во журналот Applied and Environmental Microbiology.
Објавено на 01.10.2019 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Кон крајот на 1999 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи периодот од 4 до 10 октомври како Светска недела на вселената ( World Space Week ), со цел секоја година да се слави меѓународниот придонес на вселенската наука и техника, заради подобрување на условите за живеење на...
Објавено на 30.09.2019 - 12:30

Астрономија и астронаутика
За квалитетен поглед кон ноќното небо, освен добри метеоролошки услови и помало светлинско загадување, не треба многу. Доволен е и почетнички телескоп од поевтината класа, со објектив од 100 mm, или поголем.
Објавено на 27.09.2019 - 16:30

Историја и археологија
Овие чудни глинени садови, што во континуитет се појавуваат при ископувањата што се спроведуваат на повеќе археолошки локалитети низ Европа, веќе подолго време претставуваа мистерија. Имено, иако садовите очебијно се со димензии наменети за рацете на возрасен човек, на нивните тела, што понекогаш се обликувани во форма на животно, а честопати се украсени и со геометриски шари, забележливи се мали испакнати отвори недоволни за употреба од возрасен човек.
Објавено на 27.09.2019 - 13:15

Екологија
Ви ги пренесуваме погледите на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. за надминување на проблемот на аерозагадувањето во урбаните средини преку истовремено решавање на проблемот на енергетската сиромаштија.
Објавено на 26.09.2019 - 15:45

Pages