Т-клетките на закрепнатите од ковид го препознаваат коронавирусот без оглед на сојот на којшто му припаѓа и остануваат активни во неговото сузбивање.
Во битката помеѓу варијантите на коронавируси и нашата одбрана, не учествуваат само антителата, една друга фундаментална компонента на имунитетниот систем, Т-лимфоцитите, се чини дека релативно лесно ги препознава трансформациите што ги прави вирусот SARS -CoV-2 со цел да продолжи да ги инфицира луѓето.
Според истражувањето на Американскиот истражувачки институт за инфективни болести (NIAID), цитотоксичните Т-лимфоцити, кои се одговорни за препознавање и елиминирање на заразените клетки, остануваат активни дури и против најчестите варијанти на коронавирусите.
Научниците ја анализирале крвта на 30 луѓе кои заболеле од ковид пред да се прошират новите соеви. Целта била да се испита дали нивните Т-клетки имаат потенцијал да ги препознаат и да ги нападнат трите досега најпасни соеви на коронавирусот – B.1.1. 7 или британски сој, B.1.351 или јужноафрикански сој и B.1.1.248, една од ознаките за главниот бразилски сој. Соевите носат голем број мутации, меѓу кои и промени во протеинското шило (protein spike), коешто му овозможува на вирусот да се закачи за човечките клетки и да ги инфицира.
Изменетото шило може да ги “збуни” антителата при препознавањето, но не и Т-клетките кои се развиле како одговор на вакцината или при претходните инфекции. Имено, иако антителата покажуваат знаци дека не го препознаваат видоизменетиот вирус (а ова особено важи за бразилските и јужноафриканските соеви), одговорот на Т-клетките на мутациите од вирусот останува практично ист – Т-лимфоцитите ја забележуваат инфекцијата со препознавање на делови од вирусниот протеин (антиген) присутни на површината од заразените клетки. Клетките што го содржат овој “маркер” се препознаваат како “непријатели“ и се неутрализираат.
Во моментов не е позната потребната количина од Т-клетки и неутрализирачки антитела којашто е потребна за да се воспостави имунолошка заштита од нова инфекција. Но, вестите сè уште влева надеж. Се чини деја кај луѓето кои прележале или се вакцинирале против ковид мутациите присутни во новите соеви не влијаат на работата на Т-клетките кои би требало да обезбедат одредена заштита од нив.
Резултатите од ова истражување допрва треба да се потврдат кај поголем број пациенти. Во секој случај, оптималната имунолошка заштита предвидена со вакцините, вклучува поголем број на неутрализирачки антитела, произведени благодарение на меморијата од една друга класа на лимфоцити – Б-клетките.