Енергетика
Езеро Козјак
Кога најавив дека на оваа тема ќе пишувам и втор дел првенствено мислев тоа да се однесува за вакoв тип на реверзибилни електрани со многу поголеми снаги, со оглед дека има и други резервоари на Сува Гора. Mеѓутоа ми се јави колега и ме освести. За нас доволно е ваков тип на ХЕ од максимум 2 х 150MW. И тоа е многу бидејќи вакви електрани главно се прават за еднодевен циклус. Плус тоа ПАХЕ со ваква моќност е пандан на Голем Чебрен, па надлежните за нашата енергетика ќе можат лесно да направат споредба (се разбира ако ги интересира).
Објавено на 18.03.2026 - 18:15

Колумна
Радиоаматер- слика креирана со ВИ
Полска неодамна ја надмина дури и Јапонија според БДП по жител приспособен според куповната моќ (GDP per capita), појава која може да се забележи индиректно преку забележливиот тренд на зголемување на бројот на нови полски радиоаматерски станици со префиксот SQ кој вообичаено е резервиран за почетници.
Објавено на 16.03.2026 - 13:30

Колумна
Веќе две недели прва вест, или меѓу првите, е енергетската криза во светот, а во врска со воениот напад врз Иран од страна на САД и Израел. Веднаш се спомнува цената на барел нафта, дали оди нагоре или надолу. Цената на нафтените деривати е исто така меѓу првите вести и во нашата земја.
Објавено на 14.03.2026 - 14:15

Омнибус
Четвртата сесија на 14-тиот Национален комитет на Кинеската народна политичка консултативна конференција (CPPCC) го одржува својот завршен состанок во Големата народна сала во Пекинг, главниот град на Кина, на 11 март 2026 година.
На најголемиот политички собир во Кина, познат како „Две сесии“, владата објави амбициозен план: зголемување на трошоците за истражување и развој (R&D) за најмалку 7% годишно во наредните пет години. Тоа значи дека секоја година ќе се додаваат милијарди долари во буџетот за наука. Минатата година, кинеските вложувања во R&D надминаа 3,9 трилиони јуани (околу 567 милијарди американски долари).
Објавено на 12.03.2026 - 13:00

Енергетика
Поглед на езерото Козјак од воздух
Минатата влада беше погубна за електроенергетика и се очекуваше дека новата влада да има веќе спремна стратегија што да прави во тој однос за санирање на состојбата. Меѓутоа освен што оформи ново министерство за енергетика и назначи министерка која воглавно се бави со туристички патувања по светот, во енергетиката ништо не промени и сѐ се одвива по теркот од претходната влада.
Објавено на 11.03.2026 - 17:00

Биологија
Меѓународната вселенска станица
Во некоја замислената иднина на човештвото, каде патувањата до Месечината и Марс ќе бидат дел од секојдневието, една микроскопска форма на живот може да стане клучна за нашиот опстанок. Тоа е спирулината, цијанобактерија со научно име Limnospira indica, позната како диететски додаток и суперхрана, но со потенцијал да се претвори во основа на биорегенеративните системи во вселената.
Објавено на 11.03.2026 - 14:00

Биологија
ДНК анализата со децении се смета за „златен стандард“ во форензиката. Со неа се решаваат криминални случаи, се утврдува родителство и се идентификуваат жртви на катастрофи. Но, постои една необична ситуација во која оваа моќна технологија се соочува со сериозен проблем: кога осомничените се идентични близнаци.
Објавено на 09.03.2026 - 18:00

Математика
Претставете си математичар на улиците во древна Атина, кој со креда врз табла црта крива и се прашува: „Колку точки со убави, цели броеви може да лежат на оваа линија?“ Ова прашање останува отворено со векови, како математички предизвик за генерации и генерации научни умови. Сѐ досега...
Објавено на 09.03.2026 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Со децении научниците од Институтот SETI внимателно го слушаат космосот, надевајќи се дека ќе уловат радио порака од интелигентна цивилизација. Но, едно ново истражување објавено во The Astrophysical Journal предлага дека можеби сме барале на погрешен начин. Се покажува дека сигналите што би ги испраќале вонземјаните не секогаш стигнуваат до нас во нивната „чиста“ форма.
Објавено на 07.03.2026 - 14:30

Колумна
ВИ визија за 'Скопје на вода' - апстрактен приказ
Пред десетина дена во многу јавни медиуми беше објавена вест за можна изградба на т.н. “Скопје на вода“, градежен комплекс на кејот на реката Вардар на потегот помеѓу хотелот “Александар Палас“ и устието со Лепенец (кај ул. Љубљанска), нешто слично како “Белград на вода“. Инвеститори ќе бидат фирми од Србија и од Македонија, како и компанија од Обединетите Арапски Емирати, која го градела “Белград на вода“.
Објавено на 06.03.2026 - 14:15

Pages