Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 165 години од раѓањето на Никола Тесла , 119 години од раѓањето на германскиот хемичар и нобеловец Курт Алдер, како и два настана од историјата на астронаутиката. Имено, на денеѓен ден пред 59 години беше лансиран првиот телекомуникациски сателит, а пред 49 години се случи и падот на американската вселенска лабораторија Скајлаб.
Објавено на 10.07.2021 - 17:15

Омнибус
Научната дејност на визионерот и изумител Никола Тесла е во најголем дел позната, општопризнаена и славена. Тој оставил зад себе околу седумстотини пронајдоци и откритија. Почесен доктор е на петнаесет универзитети во Европа и Америка. Бил и визионер, хуманист и филозоф, со исклучителна структура на карактерот.
Објавено на 10.07.2021 - 14:45

Медицина
Фајзер ќе побара од американската Администрација за храна и лекови одобрување за примена на трета бустер доза од нивната вакцина против ковид-19. Како што пренесуваат повеќе научно-популарни портали и новински агенции, фармацевтската компанија вчера објавила дека примената на уште една доза од нивната вакцина, пред истекот на 12 месеци од ревакцинацијата, може значително да го зголеми имунитетот а можеби и да се справи најновата мутација на коронавирусот којашто сите нè загрижува – делта сојот.
Објавено на 09.07.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на антропологот Франц Боас и ја одбележуваме годишнината од смртта на италијанскиот хемичар Амадео Авогадро. Исто така се сеќаваме на научно-фантастичниот филм Трон којшто воведе нови стандарди за употребата на компјутерската графика во доменот на филмот
Објавено на 09.07.2021 - 09:45

Историја и археологија
Интердисциплинарен научен тим, предводен од универзитетите во Кембриџ и во Тибинген, собра мерења за големината на телото и на мозокот од преку 300 фосили од родот Хомо пронајдени низ целиот свет. Преку комбинирање на овие податоци со реконструкција на регионалната клима во светот во последните милион години, тие успеале да ги откријат специфичните климатски услови во коишто опстојувал секој од фосилите кога бил живо човечко суштество.
Објавено на 08.07.2021 - 17:30

Информатика
Google работи на додавање на режимот „HTTPS-Only“ за веб-прелистувачот Chrome со цел да го заштити веб-сообраќајот на корисниците со надградба на сите врски во HTTPS. Новата опција во моментов се тестира на Chrome 93 Canary за Mac, Windows, Linux, Chrome OS и Android.
Објавено на 08.07.2021 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме раѓањето на хрватско-американскиот математичар Вилијам Фелер, на пионерот во програмирањето Жозеф-Мари Жакар и на МП3 форматот. Покрај ова ја одбележуваме годишнината од смртта на германскиот хемичар Јозеф Лошмидт.
Објавено на 07.07.2021 - 17:45

Метеорологија
Еден мешан тим од истражувачи од ЕТХ Цирих, Институтот за атмосферска и климатска наука и од Универзитетот во Њукасл, со примена на статистичка анализа и моделирање, откри дека врнежите во Европа може да се зголемат со садење на повеќе дрвја.
Објавено на 07.07.2021 - 17:45

На граница на науката
Нема ѕвезди на Месечевото небо – доказ дека слетувањето е снимено во студио?
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој втор дел од серијата зборуваме за темата: Зошто нема ѕвезди на фотографиите на „небото“ над месечевиот хоризонт?
Објавено на 07.07.2021 - 14:30

Информатика
Не постои ниту еден вистински занесеник по Лего коцки кој барем еднаш не се запрашал што сè би можел да направи од коцките во неговите сетови. И, бидејќи во денешно време вештачката интелигенција наоѓа сè поголема примена во сите сфери, па исто така и во овој случај таа а се појави како одлично решение.
Објавено на 06.07.2021 - 10:30

Pages