Медицина
Денеска е 500-тиот ден од епидемијата на ковид-19 во Македонија, според бројот на дневните извештаи од ИЈЗ Скопје. Зад себе оставивме три брана и сега сме одново на почеток.
Објавено на 18.07.2021 - 14:15

Омнибус
Српската компанијата Pink Research and Development Center (PR-DC) оваа недела го прослави својот прв роденден. По тој повод пред јавноста беше претставен нивниот дрон од последната генерација, за којшто имаат планови за сериско производство.
Објавено на 16.07.2021 - 14:00

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој четврти дел од серијата зборуваме за темата: „Зошто се вее знамето на Месечината?“
Објавено на 15.07.2021 - 18:00

Информатика
Цената на криптовалутите на светскиот пазар покажа мал пораст. Според податоците достапни утрово на страницата Коиндеск, биткоинот се тргува по цена од 32 457 американски долари, што значи дека бележи скок од 1,37% во последните 24 часа. Етериумот, втората најбарана криптовалута, исто така покажа нагорен тренд. Според податоците достапни утринава неговата цена изнесува 1954 американски долари, што претставува скок од 2,56% за последниве 24 часа.
Објавено на 15.07.2021 - 15:30

Медицина
Фотографија од внатрешната страна на очниот капак, направена со стандардна камера за паметни телефони, насскоро би можела да се користи за скрининг за анемија. Вака барем се најавува во студијата на Селим Сунер, од Универзитетот Браун и Болницата Род Ајленд, и на неговите колеги, која беше објавена неделава во списанието со отворен пристап PLOS ONE.
Објавено на 15.07.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Џеј Форестер, творецот на Wirlwind, и на Џослин Бел, астрономот што ги откри пулсарите, односно првите четири пулсари. Покрај ова го одбележуваме и лансирањето на конзолата Фамиком за игри, стартот на социјалната мрежа Твитер и испраќањето на првата шифрирана порака со помош на машината Енигма.
Објавено на 14.07.2021 - 18:15

Индустриски дизајн
Изминатата среда, на 7. јули 2021, се оддржа мала свеченост за одбележување на петгодишнината од постоењето на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (НАПМ). Настанот се одржа на зелениот покрив на Домот на градежниците во Скопје.
Објавено на 14.07.2021 - 18:00

Енергетика
Сингапур ја претстави една од најголемите пловечки фарми за соларна енергија во светот, со површина од 45 хектари. Фармата е дел од настојувањето за намалување на стакленичките гасови на оваа град-држава.
Објавено на 14.07.2021 - 15:00

Физика
Едно ново откритие укажува на тоа дека магнетизираната плазма има 10 уникатни фази. Откритието претставува сосема мал напредок, но сепак исчекор кон можноста за искористување фузиска енергија, онаа истата како на ѕвездите, некаде во иднината.
Објавено на 13.07.2021 - 19:15

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 167 години од раѓањето на Џорџ Истман човекот што ја приближи фототехниката до обичниот човек, и 77 години од раѓањето на Ерне Рубик, човекот што ја создаде една од најпопуларните 3Д загатки, рубиковата коцка. А на денешен ден пред 189 години беше идентификуван и изворот на Мисисипи, најголемата река во Северна Америка...
Објавено на 13.07.2021 - 15:15

Pages