Овие џиновски птици се најновите регрути во борбата против нелегалниот риболов. Риболовот во целиот свет се одвива во националните економски ексклузивни зони (ЕЕЗ) и во меѓународните води. Познавањето на распределбата на рибарските бродови е основа за регулирање на риболовните активности, заради спречување на прекумерната експлоатација и на вклучување заштитени видови во уловот, што е последица на непријавениот и незаконски риболов. Но, информациите за точната локација на сите рибарски бротчиња не е секогаш достапна, особено во меѓународните води каде понекогаш капетаните намерно го исклучуваат локаторот, влевајќи сомнеж во природата на нивните активности.