Информатика
Според извештајот на компанијата CISCO, државите од западен Балкан, се меѓу просечните земји во областа на дигитална подготвеност во светот. Според тој извештај, Црна Гора е најдобро рангирана замеја од регионот. Од вкупно 141 држави, таа се наоѓа на 53-то место, Србија се наоѓа на 56-то, Македонија на 60 место, Босна и Херцеговина на 69, додека најлошо е рангирана Албанија, на 71 место. Од другите држави од поранешна Југославија, Словенија е на 28 место, додека, пак, Хрватска на 40 место.
Објавено на 24.01.2020 - 12:30

Информатика
Современите мобилни телефони како, на пример, Huawei P30 Pro, iPhone 11 Pro Max, Galaxy Note 10 на Samsung, а веројатно и претстојниот Galaxy S11, се големи, убави и моќни, но тие не ги заменија вистинските машини како лаптопите во поглед на продуктивноста. Дел од причината е тоа што телефонските тастатури се помали и покомпактни. Но сега во Самсунг можеби имаат начин да го променат тоа –користејќи ја предната камера на вашиот телефон за создавање на виртуелна, невидлива тастатура.
Објавено на 23.01.2020 - 11:15

Медицина
Истражувачите од Универзитетот Кардиф во Велика Британија открија нов начин за мобилизација на Т-клетките при справување со ракот, при што имуните клетки со успех ги таргетираат и ги убиваат канцерогените клетки. А она што е најважно е што лабораториските тестирања утврдиле дека методата функционира кај широк опсег на видови рак, убивајќи ги клетките од рак на простата, на бели дробови, рак на дојка и уште многу други видови канцер.
Објавено на 21.01.2020 - 15:00

Аеронаутика
Канадската фирма Хемперт којашто се бави со производство на канабис и негови преработки, го дизајнираше првиот авион во светот направен и придвижуван канабис.
Објавено на 20.01.2020 - 11:45

Информатика
Истиот ден кога заврши поддршката за Windows 7, поради што Мајкрософт препорача премин на поновата верзија на нивниот оперативен систем, американската Националната агенција за безбедност (NSA) откри сериозна ранливост на Windows 10.
Објавено на 17.01.2020 - 12:45

Екологија
Секоја година човештвото исфрла во океаните приближно осум милиони тони пластично ѓубре. Имајќи предвид дека поголемиот дел од ова пластично ѓубре плива на површината, она што природно се очекува е тоа да се трупа на површината од водата или блиску до неа, формирајќи вештачки квази-острови што пливаат во океанските води, нешто налик на “Големото Пацифичко ѓубриште“.
Објавено на 17.01.2020 - 11:00

Архитектура и градежништво
... или како бактериите им помагаат на научниците во откривање на нови можности во градежништвото.
Објавено на 16.01.2020 - 14:15

Информатика
Пребарувањето филмови и серии со помош на пребарувачот Google ќе им овозможи на корисниците листа на тоа што сакаат да го гледаат. Живееме во време кога има премногу продукција на играна програма и некогаш е толку тешко да се следи кога некоја серија или филм ќе излезат во јавноста.
Објавено на 15.01.2020 - 12:00

Информатика
Во оперативниот систем Андроиод откриена е нова опасна ранливост која им овозможува на малверите да се преставуваат како легитимни апликации така што корисниците не можат да забележат дека нивните уреди се нападнати.
Објавено на 14.01.2020 - 13:00

Медицина
Како што потврди последното истражување објавено на платформата за објава на научни истражувања eLife, температурата на човечкото тело бележи постојан пад во текот на последните 160 години. Со други зборови кажано температурата од 37ºC, што сите си ја "врзуваме во крпче" како некоја граница на нормалата, можеби е застарена и можеби не е толку нормална како што мислиме.
Објавено на 13.01.2020 - 11:00

Pages