Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 23.4.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 23.04.2021 - 18:30

Денес го славиме роденденот на Макс Планк, таткото на квантната теорија, го одбележиваме денот кога беше патантиран уредот за анимација Зоотроп, поставувањето на првото YouTube видео и лансирањето на првиот сателит на САД кој ќе пристигне до Месечината...

 

23.4.1867 – Вилијам Линколн ја патентира машината Zoetrope, која прикажувала анимирани слики

Зоотроп (Zoetrope) е еден од уредите за анимација уште пред појавата на филмот, која прави илузија прикажувајќи низа цртежи или фотографии кои прикажуваат прогресивни фази на некое движење. Во основа, тоа била цилиндрична варијација на фенекистоскопот, предложена веднаш по промоцијата на стробоскопските дискови во 1833 година. Конечната верзија, со лесно заменливи ленти за слики е претставена како играчка во 1866 година и била многу успешна.

Етимологијата на зборот е следна: zoо во превод од грчки значи живот, а tropos од грчки значи дека се движи нештото. Овој израз го исковал иноваторот Вилијам Линколн.

Зоетропот (види на сликата) претставува еден цилиндар со вертикални правоаголни отвори по изводниците. На внатрешната страна на цилиндарот се наоѓа лента со низа од секвенционални слики. Додека цилиндарот се врти, гледачот гледа низ отворите кои не дозволуваат сликите да се замаглат (стробоскопски ефект), а заради брзиот и јасен след на сликите, добива илузија дека објектот се движи. Зоотропот работи на истиот принцип како и претходникот, фенекистоскопот, но е поелегантен и овозможува анимацијата да ја гледаат повеќе луѓе. Идејата и клучот на успехот е познатиот биолошки феномен на инертноста на окото на брзата промена на статичките слики (над 25 во секунда) со прогресивно претставено секвенцијално движење кое прави илузија на движење. (Т. С.)

 

23.4.1858 – Роден е Макс Планк

Макс Планк (Max Karl Ernst Ludwig Planck) е германски теоретски физичар. Своето основно знаење за физиката го стекнал  was на универзитетите во Минхен и Берлин, каде професори му биле Хелмхолц, Клаузиус и Кирхоф. По завршувањето на студиите останал да предава на универзитетите, како професор по теоретска физика (1889 – 1926).

Неговиот труд за законот на термодинамиката и распределувањето на зрачењето од црно тело, го поттикнаа да ги напушти класичните њутнови принципи и да ја воведе квантната теорија во 1900 година, за што беше награден со Нобеловата награда за физика во 1918 година. Постулатот на неговата теорија е дека енергијата не може да се дели бесконечно, туку до најмалите дискретни единици – кванти. Енергијата којашто ја носи еден квант зависи директно од фреквенцијата на изворот што го зрачи.

Планковата квантна теорија ги револуционира човековите разбирања за атомските и субатомските процеси, исто како што Алберт Ајнштајновата теорија за релативноста го револуционира разбирањето за просторот и времето. Заедно тие ги сочинуваат основните теории на физиката од 20-от век. (Н. С.)

 

23.4.2005 – Прво Youtube видео

Првото видео поставено на Youtube, “Јас во зоолошката градина“, беше објавено на 23 април 2005 година, во 20:27 часот, од соосновачот Џавед Карим. Сега видеото е дел од историјата, и всушност е прилично невкусно. Забелешка за идните претприемачи: она што го правите може да остане како траен запис кој ќе се користи во иднина. (И. З.)

Првото YouTube видео

 

23.4.1962 – Лансиран е сателитот Ренџер 4

Ренџер 4 е првиот американски сателит којшто ќе успее да пристигне на површината на Месечината. Сателитот е лансиран на денешен ден во 1962 година, во 15 часот и 50 минути по локално време од Кејп Канаверал, Флорида. Точно како што било планирано, сателитот удрил во подалечната страна на Месечината три дена подоцна, на 26 април, со брзина од над 9 600 km/h километри на час.

Ренџер 4 беше лансиран со помош на ракетата Атлас-Аџина Б, висока 36 метри и со пречник од 3 метри. (Н. С.)

Клучни зборови:
Уредот Зоотроп – решение за приказ на анимации пред појавата на филмот

Уредот Зоотроп – решение за приказ на анимации пред појавата на филмот  

Макс Планк

Макс Планк

Макс Планк

Макс Планк

Подготовка на сателитот Ренџер 4

Подготовка на сателитот Ренџер 4

Лансирањето на сателитот Ренџер 4

Лансирањето на сателитот Ренџер 4