Медицина
Која рута за пренесување на корона вирусот (SARS-CoV-2) е најчест начин за инфицирање? Колкав е ефектот од мерките „социјално дистанцирање“, „полициски час“ и „носење маски“? Студијата објавена пред неколку дена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“ дава одговори на овие исклучително важни прашања.
Објавено на 15.06.2020 - 16:15

Колумна
Корона вирусот не постои! Земјата е рамна! Вакцините предизвикуваат аутизам кај децата! 5G мрежите се смртоносни! Корона вирусот е создаден во тајни лаборатории, за да мораме да се вакцинираме и притоа да ни инјектираат чип со кој ќе нè контролираат! Со 5G мрежите ќе ни ги управуваат мислите! Луѓето не се спуштиле на Месечината! Авионите со кемтрејловите нè запрашуваат со алуминиум, за да се намали населението на Земјата! Кој ги смислува и ги шири овие теории на Фејсбук, Твитер, на интернет? „Интернет-јасновидците“ – вели Илијанчо Гаговски во својата колумна на оваа тема.
Објавено на 15.06.2020 - 10:30

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови пишуваме за математичкиот гениј на Џон Неш и за човекот којшто ги откри крвните групи кај луѓето, Карл Ландштајнер.
Објавено на 14.06.2020 - 12:15

Медицина
Најновата анализа која имала за цел да го квантифицира влијанието на носењето маски врз ширењето на SARS-CoV-2 утврдила дневно намалување на бројот на новозаболени за 40% во германскиот град Јена. За 10-тина дена, бројот на новозаразени паднал на нула.
Објавено на 13.06.2020 - 23:15

Историја и археологија
500-години стариот примерок на карпеста уметност, пронајден на местото наречено Јилбилиџи во близина на Заливот Карпентарија во Северна Австралија, е меѓу најретките во светот. Непознатиот уметник насликал човечка фигура со бумеранг (десно), опкружена со повеќе бумеранзи, комплексен цртеж којшто подразбира создавање минијатурни контури на луѓе, алатки и други форми. Слични вакви, но многу постари мини-графики се пронајдени на повеќе други места во Австралија и насекаде низ светот. Сега, научниците сметаат дека можеби конечно ја решиле загатката за начинот на којшто древните луѓе ги создале.
Објавено на 12.06.2020 - 18:15

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови пишуваме за човекот што го “дешифрираше” сложениот “говор” на пчелите и го одбележуваме роденденот на велосипедот.
Објавено на 12.06.2020 - 15:30

Информатика
Слично како и другите веб-прегледници, така и Mozilla Firefox има менаџер за лозинки којшто ви овозможува да ги сочувате корисничките имиња и лозинки за пријава на веб-страниците на кои имате корисничка сметка. Кога ќе ги посетите овие страници, Firefox автоматски ќе ги пополни обрасците за пријава со сочуваните податоци.
Објавено на 12.06.2020 - 14:30

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови одбележуваме 110 години од раѓањето на еден од најславните подводни истражувачи и активисти за зачувувањето на водниот свет – Жак Кусто, и промоцијата на првата играчка што користи синтетизација на човечки глас.
Објавено на 11.06.2020 - 02:30

Информатика
Овој напад е последен во низата на хакерската група ShinyHunters која е одговорна за нападите на Wishbone, Zooks и други. Во последните неколку недели оваа хакерска група извршила напади на компании, а украдените податоци ги продаваат на хакерски форуми. Во интервју за ZDNet, изјавиле дека нападот е извршен во јануари оваа година обидувајќи се да избегнат откривање на повеќе деталји за нападот.
Објавено на 10.06.2020 - 18:30

Омнибус
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ја одбележуваме промоцијата на првата успешна техника за добивање на фотографии во боја и му оддаваме почит на еден од големите архитекти на 20 век – Антонио Гауди.
Објавено на 10.06.2020 - 18:00

Pages