Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 27.2.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 27.02.2021 - 19:45

На денешен ден се навршуваат точно 130 години од раѓањето на Дејвид Сарноф, човекот кој има огромни заслуги во развојот на радиото и телевизијата, онакви какви што денес ги познаваме. Покрај ова денес одбележуваме и 110 години од тестирњето на првиот електростартер и 45 години од пензионирањето на суперкомпјутерот на IBM Харвест. А на денешен ден пред 81 година беше откриен и изотопот на јаглеродот C14...

 

27.2. 1891 – Роден е Дејвид Сарноф

Роден е близу Минск, тогашна Русија, во сиромашно еврејско семејство кое емигрирало во Њујорк во 1900 година.

Дејвид Сарноф е легендарен водач на компанијата RCA (Radio Corporation of America). Како иновативна и прогресивна компанија, RCA беше доминантна фирма за електроника и комуникации во САД повеќе од пет децении. Несомнено е дека RCA го поттикна развојот на радиото во раните 1920-ти, како главен производител на радиоприемници. RCA исто така ја создаде првата американска радиомрежа на национално ниво NBC (National Broadcasting Company). Компанијата беше пионер во воведувањето и развојот на телевизијата, црно-бела и особено, на телевизијата во боја. Развојот и напредокот на RCA во овој период, RCA во многу се должи на раководството на Дејвид Сарноф. Тој беше генерален директор на основањето на компанијата, стана нејзин претседател во 1930 година и остана активен, како претседател на бордот, до крајот на 1969 година.

Како што го дефинираат современиците, Сарноф бил еден од пионерите во ерата на масовните комуникации, трансформирајќи ја Америка од нација на локални весници во ера на силен технолошки развој кој ќе овозможи процут на мрежи, најнапред радиски, а потоа и телевизиски, креирани како масовни електронски медиуми. Повеќе за Дејвид Сарноф може да прочитате во ЕМИТЕР 7-12/19 – “Дејвид Сарноф и раѓањето на АМ радиото” и вo Емитер 7-12/2020 – “Дејвид Сарноф и појавата на телевизијата”  (Н. С.)

 

27.2.1911 – Експериментално испробан првиот електростартер

Најголемиот проблем во секојдневното возење на автомобилот во првите децении од развојот на автомобилот е стартувањето на моторот. Тоа во почетокот редовно се правело со кривајна полуга (курбла) со специјален заштитен механизам. Било многу тешко и ги одбивало луѓето од користење на автомобилот, особено понежниот пол, зашто за нив ова била невозможна мисија. Згора на тоа, ако моторот е со повеќе моќност како кај градежните и земјоделските машини, како и кај авионските мотори, стартувањето на моторот со курбла е невозможно. Но на сето тоа му дошло крајот на овој ден во 1911 година, кога е вграден првиот електростартер во автомобилот марка Кадилак во САД.

Следната година, благодарение на успешните тестови, почнува да се вградува во сериските автомобили. Клучен момент во оваа иновација е електромагнетното вовлекување и извлекување на погонскиот запченик на електростартерот. (Т. С.)

 

27.2.1976 – Пензионирање на Harvest

Суперкомпјутерот IBM 7950, познат и како Harvest, ја заврши својата 14-годишна кариера во американската Национална агенција за безбедност – НСА. Испорачан како додаток на веќе постоечкиот Stretch компјутер во 1962 година, беше дизајниран за криптоанализи од страна на Џејмс Х. Померин. Неговата транзисторска електроника беше со двојно поголеми димензии од Stretch. Harvest додаде одреден број инструкции кон постоечките во Stretch, и не можеше да делува самостојно. (З. И.)

 

27.2.1940 – Откриен е радиоактивниот јаглерод C14

Радиоактивниот јаглерод (radiocarbon) C14, 14C, изотоп на јаглеродот, го откриле Мартин Комен и Сем Рубен (Martin Komen и Sam Ruben). Откритието овозможи воведување нова метода за датирање на староста на разни палеонтолошки, археолошки, геолошки и други наоди. Имено, тој е присутен во органската материја, па според степенот на неговото радиоактивно распаѓање во некој наод, може да се детектира староста на наодот. (П. Л.)

27.2. 2007 – американскиот ланец CompUSA почнува да затвора продавници

На 27 февруари 2007, CompUSA објави дека до јуни ќе затвори 126 продавници за малопродажба и ќе ги реконструира преостанатите 103 продавници. На крајот, и тие 103 продавници се затвораат. CompUSA на крајот беше купена од Systemax. Сега Системакс работи со 35 продавници со името CompUSA.

CompUSA беше малопродавач и продавач на персонални компјутери, електронска потрошувачка, технолошки производи и компјутерски услуги. Со седиште во Мајами, Флорида, тоа било целосно подружница на американскиот комерцијален корпус, но индиректно контролирана од Карлос Слим. На 7 декември 2007 година, компанијата ја купи Speciality Equity, филијала на фирмата Gordon Brothers Group. Во јануари 2008 година Systemax го купи името CompUSA, 16 локации за малопродажба и други средства на компанијата.

Systemax управуваше продавниците за малопродажба на компаниите CompUSA во неколку американски држави (Калифорнија, Флорида, Тексас, Мериленд, Џорџија, Илиноис, Делавер, Њу Џерси, Северна Каролина, Вашингтон и Порторико) како и веб-страницата за продажба CompUSA.com. (И. З.)

Клучни зборови:
Дејвид Сарноф

Дејвид Сарноф

Дејвид Сарноф

Дејвид Сарноф

Првиот електростартер

Првиот електростартер

Реклама за автомобил што повеќе не користи курбла

Реклама за автомобил што повеќе не користи курбла

Криптоаналитичкото чудовиште Harvest

Криптоаналитичкото чудовиште Harvest

Една од магнетните ленти што ја употребувал Харвест

Една од магнетните ленти што ја употребувал Харвест

Радиоактивните изотопи и период на полураспаѓање

Радиоактивните изотопи и период на полураспаѓање

Како функционира датирањето со помош на радиоактивен јаглерод

Како функционира датирањето со помош на радиоактивен јаглерод

Една од продавниците на CompUSA во Калифорнија

Една од продавниците на CompUSA во Калифорнија