Воена техника
Американската полиција веќе подолго време го користи тејзерот, електричниот зашеметувач што се користи за да ги онеспособи опасните поединци. Како функционира ова орудие?
Објавено на 16.08.2023 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Една година откако вселенскиот телескоп Хабл ја детектираше најоддалечената ѕвезда во универзумот, Еарендел, телескопот Џејмс Веб ја презеде фугуративната палка за од поблиску да ја проучи и да ги истражи нејзините карактеристики.
Објавено на 15.08.2023 - 19:00

Телекомуникации
Последните поплави предизвикани од реткиот феномен „суперклеточна бура“ одново ја оживеаја старата теорија на заговор во врска со американскиот систем HAARP (High-frequency Active Auroral Research Program). Дали HAARP навистина може да влијае на времето? Краткиот одговор е не може, ниту пак е наменет за тоа. Ова го потврдуваат и руските научници, за оние коишто не им веруваат на американските.
Објавено на 14.08.2023 - 16:00

Наутика
Се сеќавате ли на филмскиот хит „Лов по Црвениот октомври“ од 1990 година со Шон Конери во улогата на Марко Рамиус, како командант на советската подморница наречена, погодивте, Црвен октомври? Подморницата беше опремена со т.н. Caterpillar погонски систем, без подвижни делови и особено тивок, што го оневозможуваше нејзиното следење. 35 години подоцна ДАРПА, оперативниот дел на Министерството за одбрана на САД, работи на погонски систем мошне сличен на фиктивниот Caterpillar систем опишан во филмот.
Објавено на 14.08.2023 - 14:15

Физика
Тврдењето на еден јужнокорејски тим дека откриле суперпроводник кој функционира на собна температура и притисок прекуноќ стана вирусна сензација и поттикна голем број обиди за репликација како од страна на научниците така и од аматери. Но, првичните експериментални и теоретски напори за репродукција на впечатливиот резултат потфрлија, па истражувачите остануваат длабоко скептични кон тврдењето.
Објавено на 11.08.2023 - 13:45

Хемија
Истражувачки тим од Универзитетот Пен Стејт изработи нов вид стакло којшто може да го намали за половина јаглеродниот отпечаток на обичното стакло засновано на силициум диоксид, но со најмалку 10 пати зголемена отпорност на кршење. Името избрано за производот е LionGlass (Лавовско стакло), а за да се намали неговото влијание врз животната средина, научниците елиминираа некои компоненти што се користат во традиционалниот синџир на производство на обичното стакло, како што се содата (натриум карбонатот) и варовникот, кои при процесот на соединување ослободуваат јаглерод диоксид во атмосферата. Понатаму, тие успеале да го обработат материјалот на пониски температури, од нешто преку 400°C до малку под 300°C, со што ја намалиле и потрошувачката на енергија за речиси 30%.
Објавено на 11.08.2023 - 12:45

Историја и археологија
Мермерна статуа што ја претставува божицата на ловот Артемида / Дијана. Скулптурата се наоѓа во Версај, Париз.
Aјде да урнеме еден мит: во повеќето општества на ловци-собирачи, жените не се задолжени само за собирање растенија и плодови од земјата. Според студијата објавена неодамна во PLOS One , во која се анализираат податоците од последните сто години за различни социјални групи од овој тип, во најмалку 8 од 10 случаи жените ловат заедно со мажите. Оваа нова свест е поткрепена со бројни археолошки докази. Имено, многу од откриените женски скелети се пронајдени закопани заедно со оружје што се користи за лов.
Објавено на 10.08.2023 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Изминатава година-две Месечината се најде во фокусот на вселенските истражувања. Тука, секако предничи НАСА и нејзинините планови за обновување на човечките мисии до нашиот најголем природен сателит во рамки на мисиите Артемида, но свои мисии со сонди па дури и планови за понатамошно човечко присуство имаат кинезите, индијците, а бевме сведоци и на неуспешниот обид од една приватна јапонска компанија. Сега, во “трката” за повторно освојување на Месечината влегува и Русија.
Објавено на 10.08.2023 - 15:15

Информатика
По пребарување на Amazon (Амазон) и Goodreads (Гудридс), авторката Џејн Фридман неодамна открила повеќе листи со измамнички книги потпишани со нејзиното име, најверојатно исполнети со ѓубре или содржина генерирана од вештачка интелигенција. И Амазон и Гудридс од прва не сакале да ги отстраната овие лажни наслови сѐ дури поплаките на авторката не станаа вирални на социјалните мрежи.
Објавено на 09.08.2023 - 18:45

Астрономија и астронаутика
Со сета еуфорија околу супермесечината се подзаборави на еден редовен августовски спектакл на ноќното небо – метеорскиот дожд Персеиди. Персеидите се еден од најблескавите метеорски дождови во годината и се случува секоја година во периодот од 9 до 13 август. Овој метеорски дожд всушност претставува остаток од кометата Свифт-Татл, а е именуван по соѕвездието Персеј. Ове се должи на радијантот односно привидната насока од којашто метеорскиот дожд се чини дека паѓа а којашто се поклопува со местото каде го лоцираме соѕвездието Персеј на ноќното небо, во правецот на североисточниот дел на небото на Северната хемисфера.
Објавено на 09.08.2023 - 14:15

Pages