Информатика
Австралија во петокот објави дека го тужи сопственикот на Фејсбук Мета поради рекламите врзани со измамнички шеми за криптовалути во кои лажно се тврди дека се поддржани од познати личности.
Објавено на 18.03.2022 - 15:30

Медицина
Светлината што ја искусуваме во секојдневниот живот има големо влијание врз ритамот на нашето тело. Современиот начин на живот, со 24-часовен пристап до електрична светлина и намалена изложеност на природна дневна светлина, може да го наруши спиењето и негативно да влијае врз здравјето, благосостојбата и продуктивноста. Новиот труд објавен неделава во научното списанието со отворен пристап PLOS Biology, го става во фокус прашањето: колку точно треба да биде силно осветлувањето во текот на денот и колку навечер, за тоа да го поддржува здравиот телесен ритам, мирниот сон и дневната будност?
Објавено на 18.03.2022 - 14:45

Информатика
Австриските власти ја решија мистеријата на громкото ѕвонење од виенската катедрала коешто вчера ги разбуди жителите на австриската престолнина во два часот по полноќ. Причина за 20-минутното одекнување на камбаните е всушност хакерски напад.
Објавено на 17.03.2022 - 16:45

Астрономија и астронаутика
По критичната фаза за порамнување на огледалата, тимот на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (James Webb Space Telescope) смета дека оптичката изведба на телескопот ќе ги исполни, ако не и да ги надмине очекувањата за достигнување на научните цели за коишто беше изградена.
Објавено на 17.03.2022 - 11:15

Информатика
Видеоигрите за компјутер сега можат да користат DirectStorage, DirectX 12 Ultimate API што Мајкрософт го најави во 2020 година. Функцијата би требало да донесе побрзо време на вчитување и подобрени текстури и длабински приказ.
Објавено на 16.03.2022 - 14:30

Роботика
Минатата недела, на Меѓународната изложба за роботи iREX во Токио, компанијата Кавасаки го претстави четириножниот робот за превоз. Роботот е моделиран според телото на евроазиските и северноафриканските планински кози, односно наликува на козорог.
Објавено на 15.03.2022 - 16:15

Астрономија и астронаутика
Артемида 1 е првиот пробен лет без екипаж во рамките на програмата Артемис на НАСА, чијашто цел е враќање на човекот на површината на Месечината. Станува збор за прв лет на Системот за лансирање во вселената (Space Launch System – SLS), наменет за лансирање на голем товар и воедно е првиот лет на леталото Орион MPCV. Лансирањето на Артемис 1 е закажано за најрано во мај оваа година, но веројатно треба ќе се случи во текот на летото.
Објавено на 15.03.2022 - 15:00

Медицина
Според податоците од билтенот бр. 02/2022 на Државниот завод за статистика (ДЗС) пресметана е одвишната смртност, над очекуваната сезонска смртност по месеци.
Објавено на 14.03.2022 - 11:30

Информатика
Дванаесетото, виртуелно, издание на Сајт на годината се одржа на 13 март 2022. Оваа година веб-страниците од македонскиот интернет простор беа номинирани во 22 категории, а за нив гласаа 9219 интернет посетители и корисници.
Објавено на 14.03.2022 - 10:45

Информатика
iPhone SE, Mac Studio, M1 Ultra, Apple Studio Display... и што уште не На Peek Performance, како што беше наречен првиот Apple настан во 2022 година беа презентирани изненадувачки многу нови работи. Претставувањето на третата генерација на iPhone SE беше очекувано, но покрај ова беше претставен и целосно нов десктоп Mac со нов M1 Ultra процесор и Mac Studio дисплеј со вградена камера, звучници и USB порти. Во продолжение прочитајте накратко што сè Apple најави на пролетниот настан.
Објавено на 11.03.2022 - 16:45

Pages