Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на системот HR 6819
Оригиналната студија за HR 6819 ги привлече вниманието на научниците но и на медиумите. Авторите на трудот воопшто не беа изненадени од тоа што сите беа заинтересирани за нивното откритие за црната дупка. Астрономите беа убедени дека најдобро објаснување за податоците со кои располагаа, добиени со помош на 2,2 метарскиот телескоп MPG/ESO, е дека HR 6819 всушност претставува троен систем – ѕвезда која орбитира околу црна дупка на секои 40 дена и втора ѕвезда којашто се наоѓа во многу поширока орбита. Но, истражувањата предводени од Јулија Боденштајнер предлагаат различно објаснување за истите податоци – HR 6819 можеби е систем со само две ѕвезди во 40-дневна орбита, без никаква црна дупка!
Објавено на 02.03.2022 - 12:45

Енергетика
Стартап од Нов Зеланд се подготвува да постигне безжичен пренос на електрична енергија на поголемо растојание. Дали сме на чекор од тоа безжичниот пренос на електрична енергија на големи растојанија да стане реалност? Токму во тоа се убедени менаџерите на Емрод, новозеландски старт-ап кој веќе успешно спроведел повеќе тестови на ова поле.
Објавено на 01.03.2022 - 17:00

Астрономија и астронаутика
По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ започнува со работа. Заинтересираните повторно ќе имаат можност да учат за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас.
Објавено на 01.03.2022 - 15:15

Астрономија и астронаутика
Лансирање на ракета Сојуз од космодромот во Француска Гвајана
Како одговор на европските санкции по руската инвазија на Украина, Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти во саботата дека отповикува десетици инженери и техничари од европскиот космодром Куру во Француска Гвајана, и дека ги прекинува операциите со ракетите Сојуз кои се одвиваа таму. Со ова ефективно е суспендирано лансирањето на два сателити од цивилниот сателитски систем за навигација и позиционирање Галилео.
Објавено на 28.02.2022 - 13:45

Информатика
Кога некој од вашите гаџети го продавате, подарувате на некој ваш близок или, пак, го донирате, секако дека ги бришете сите вашите податоци од него, оставајќи го целосно празен. Се работи за рутина којашто е прв чекор на компјутерската безбедност, нели? Токму затоа, опцијата Reset this PC, којашто со години постои кај Windows, ја вклучува и опцијата за Remove Everything (Отстрани сè), којашто би требало да избрише сè што кога и да е сте складирале на уредот, од програми и датотеки до лични податоци. Но, кај најновите верзии, Windows 10 и 11, се чини дека сè и не значи баш, хм, сè.
Објавено на 28.02.2022 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Ретка егзопланета која орбитира околу две ѕвезди одеднаш беше забележана од истражувачите со помош на земски телескоп. Се работи за прва од ваков вид демонстрација дека вакви ретки планети може да се пронајдат и со користење на поевтини методи од површината Земјата.
Објавено на 25.02.2022 - 17:30

Метеорологија
Најдолгата досега детектирана молња се протегала цели 768 километри, за на крај да падне како гром во јужниот дел на САД. Појавата беше забележана пред речиси две години но рекордните резултати дури неодамна беа официјално потврдени од Светската метеоролошка организација. Зошто на научниците им требаше толку долго за потврда?
Објавено на 25.02.2022 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Што ако астероид или комета со пречник од десетина километри е на пат кон Земјата, и за само шест месеци удри во неа предизвикувајќи катастрофален удар во којшто ќе исчезне сиот живот на планетата ? Токму вакво е сценариото во филмот “ Не гледај нагоре ” (Don’t Look Up) достапен на сервисот на Нетфликс. Филмот наведе многумина да се запрашаат дали во моментов располагаме со потребните ресурси и технологија за да избегнеме една ваква катастрофа ?
Објавено на 24.02.2022 - 17:00

Историја и археологија
Наталија Јагиелска позира за фотографија со најголемиот јура птеросаурус во светот откопан на островот Скај
Фосилот од птеросаурус е пронајден на островот Скај во Шкотска. Стар е 170 милиони години и е опишан како досега најдобро зачуван скелет од овој вид праисториски крилест рептил
Објавено на 23.02.2022 - 13:45

Психологија
Науката се обидува да разбере зошто многу повеќе ладнокрвни убијци се мажи отколку жени. Ако помислите на познат сериски убиец или тема на вистински криминалистички документарец, големи се шансите да ви падне на ум машки лик – и тоа со добра причина. Повеќето криминалци се мажи, во голема мера.
Објавено на 23.02.2022 - 12:30

Pages