Како што веќе пишувавме со спроведување на мананеварот што му овозможи да излезе од лунарната орбита, на 1-ви декември Орион го започна своето повратно патување кон Земјата. По ова на 5 декември леталото го направи својот последен прелет крај Месечината и се упати назад кон Земјата, па очекувањата се дека денес, 11 декември, Орион треба да се спушти во водите на Тихиот Океан крај калифорнискиот брег, во близина на Сан Диего. По ова тим од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во соработка со американската морнарица, треба да го собере вселенското летало од океанските водите.