Рубрика: Информатика
Виртуелен патник низ време-просторот на холографски пергамент ја донесе глаголицата на Кирил и Методиј во Охрид
Објавено на 27.05.2024 - 12:30

Сефиданис во петокот, на 24 мај, ја промовираше својата најнова иновација „Споменик на иднината”. По повод празникот, виртуелен патник од иднината во форма на астронаут на холографски пергамент ја донесе Глаголицата на Светите браќа Кирил и Методиј, како надеж дека современите технологии можат да го конзервираат и пренесат нашето културно и духовно богатство.

 

Област на техниката на која се однесува пронајдокот

Дигиталната уметност е област во која се вкрстуваат информатичките технологии и хуманистичките науки. Новиот паметен споменик на Сефиданис ја инкорпорира вештачката интелигенција и виртуелната реалност во комбинација со иновативен хардвер, со цел да понуди уникатно корисничко искуство.
Карактеристично за овој пронајдок е што се надоврзува на традицијата на споменици и е во согласност со стандардите, димензиите, пропорциите, како и останатите функционални и естетски карактеристики, а истовремено овозможува интеракција, т.е. комуникација во реално време помеѓу човек/корисник и виртуелен (дигитален) артефакт претставен преку споменикот.


 

Технички проблем кој се решава со пронајдокот

Според извештајот на Обединетите Нации, на 15 ноември минатата година светската популација достигна 8 милијарди луѓе. Соочени со економска асимилација, културите од регионот и пошироко, неуморно бараат решение за заштита на својот идентитет во современиот свет. Зголемената конкуренција на трустичкиот пазар исто така налага да се изнаоѓаат иновативни
решенија за компетитивна предност. Трансгенерациското пренесување на традицијата со помош на современите технологии, може да го премости јазот помеѓу различните возрасни, етнички, и други групи на граѓани. Мултикултуртализмот и инклузивноста најдобро се реализираат, кога
различностите се обединети преку гемификација и интерактивна комуникација на високо технолошко и естетско ниво. Сефиданис паметниот споменик претставува иновација која овозможува да се креираат апликации за активно вклучување на различен профил на корисници. Аватарите кои се прикажуваат во виртуелната сцена имаат можност за препознавање и синтеза на човечки говор, со што се обезбедува непосредна и природна комуникација. Екраните со висока резолуција можат да прикажуваат богати интерактивни визуализации за поефикасно пренесување на комерцијални и останати пораки. Комерцијалниот потенцијал на оваа иновација се содржи исто така во неговата платформа каде локалните претприемачи можат да се наддаваат со понуди на своите
услуги и производи кон публиката околку споменикот.


Решение на техничкиот проблем

Конструктивното решение на Сефиданис паметниот споменик се состои од:

• Внатрешна челична констукција со висина од 2,5 метри, фигурата на конструкцијата е со основа на триаголник што се издолжува од трите точки вертикално по што повторно се спојува во пирамида со основа на триаголник, вдолж конструкцијата има подеднакво оддалечени зацврстувачки триаголници што служат за прицрствување на екраните како и за стабилност на конструкцијата.

• Надворешната метална конструкција е со висина од 3 метри, фигурата на конструкцијата е со основа на триаголник кој се издолжува од трите точки вертикално 3 метри по што повторно се спојува во триаголник. Оваа конструкција има три таканаречени прозорци кои
овозможуваат приказ на различни погледи во виртуелната сцена. На конструкцијата се прицврстени три акрилни табли со дебелина од 1cm. Со тоа се формира проѕирен кафез што ќе го штити споменикот од надворешни влијаниа и воедно му дава естетска димензија. На акрилните табли има отвори за различни сензори и периферни уреди на централиот компјутер.

• Врвот на споменикот, кој има фигура на превртена пирамида, е исто така изработен од акрилен материјал и служи за димензионирање на споменикот, визуелна сигнализација на далечина и вградување сензори.

• Трите екрани се со големина од 75” и секој поединечно поседува 4k (3840 x 2160) резолуција

• Централниот компјутер ги процесира податоците заробени од сензорите на паметниот споменик (движење на луѓе, говор, експресија и др.), а ја креира и виртуелната сцена со различни дигитални артефакти (аватари, комерцијални продукти и други мултимедијални содржини).

• Сензори: камери и други оптички сензори за следење на движења и гестикулации; микрофони и останати звучни сензори; гас и други безбедносни сензори;

• Централното напојување електрична инсталација согласно стандарди и прописи за напојување на целиот систем како и батерија(ups) за непрертано функционирање на споменикот.

Споменикот нуди интеракција од 360° каде што корисници можат да пристапат од различни страни. Вештачката интелегенција со помош на податоците заробени од сензорите на паметниот споменик ке ја прилагодуваат сцената во која ке се наоѓа интерактивен (8)аватар. (9)На сцената
ке постојат рефлективни материјали кои го отсликуваат надворешниот амбиент во реално време со што ке се креира хибирдна односно мешана реалност. Во отсуство на корисник аватарот прикажува демо содржини и се нуди да улови внимание на случајни минувачи, системот може да препознава говор на сите светски јазици исто така да одговара на различни јазици, преку насочено и просторно озвучување. При воспоставување комуникација со потенцијален корисник аватарот се фокусира на локацијата и орентацијата на корисникот
наспрема споменикот. Сефиданис паметниот споменик има можност да учи од агрегираните податоци за однесувањето на посетителите со цел да врши прецизни предикции за како истите ке се развиваат во иднина.
Овие модели ќе можат да се користат за комерцијални научни општествени и други цели. Од естимација на побарувачка за одредена услуга или производ, демографија и профил на идни туристи до еволуција на дијалектите, навиките и останати културолошки феномени на локалната и меѓународна заедница.

Проектот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на повикот „Стартапувај-5”, а истиот го реализираше тимот на Друштвото за истражување и развој Сефиданис од Охрид, чиј основач и управител е проф. д-р Анис Сефиданис

Клучни зборови: