Рубрика: Омнибус
Кариерен Самит ‘Од потенцијал до остварување’ во организација на Women in Tech Macedonia
Објавено на 27.05.2024 - 13:30

Мисијата на Women in Tech Macedonia овој пат ја преточуваме во кариререн самит каде ќе ја поддржиме секоја индивидуа на својот пат кон личен и професионален развој и успех. Со почеток во 9:30 часот на 1ви јуни во просториите на Innox  ќе се одржи кариерен самит и каде се поканети сите заинтересирани да слушнат неколку панели со клучни теми за успешно кариерно развивање, да извлечат знаење и искуства од истиот и секако можноста за вмрежување.

Почнувајќи од тоа како да се навигира професионалниот раст, што после студиите, како до професионално остварување, кои се позициите во ИТ организациите, како да се изгради и одржува личниот бренд и како да се одржува кариерниот прогрес, сите присутни ќе имаат можност да дознаат повеќе за наведените теми и да ги слушнат најважните совети и препораки на овие теми од професионалци во индустријата.

Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани може да се регистрираат на следниот линк: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSe.../viewform.

За повеќе детали околу агендата следете нѐ на нашите профили на социјалните мрежи на Facebook, LinkedIn и Instagram.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: