Рубрика: Астрономија и астронаутика
Последните соларни бури ги спобудалеа магнетните компаси за мониторинг на океаните
Објавено на 28.05.2024 - 18:15

На 14 мај 2024 година, Сонцето испушти силен сончев блесок.

Неодамнешната соларна бура која донесе мноштво блескави манифестации на поларна светлина, од половите на Земјата па сѐ до централна Европа и до јужна Африка, беше толку интензивна што нејзините ефекти се почувствуваа дури и во длабочините на океаните.

Магнетните компаси што Ocean Networks Canada (ONC) ги користи за следење на океанот во близина на канадскиот брег, забележаа интензивно искривување во магнетното поле на Земјата во моментите кога таа беше погодена од огромен проток на честички исфрлени од Сонцето.

Тоа се податоци што ја откриваат моќта на овие бури и овозможуваат да добиеме претстава за начинот на кој Земјата е засегната од појавата на овој феномен“, објаснува Џастин Алберт од Универзитетот во Викторија, Канада, „Во следните две години ќе се случи врвот на 11-годишниот соларен циклус и затоа, по една деценија релативна неактивност, сончевите настани проследени со манифестации на поларна светлина како оние на почетокот на мај 2024 година ќе станат почести, иако е невозможно да се прават прецизни предвидувања“.

Манифестации на поларна светлина беа видливи на мошне ниски географски широчини за време на геомагнетната бура што нѐ погоди на почетокот од мај оваа година

Сончевите бури, познати и како геомагнетни бури, се сончеви феномени со најголемо влијание врз Земјата. Тие се случуваат кога ерупција на површината од Сонцето со голема брзина исфрла милијарди тони честички заплеткани со магнетни полиња кон Сончевиот систем. Кога овие коронални исфрлања на маса (CME) пристигнуваат до Земјата, честичките се судираат со нашето магнетно поле: голем дел остануваат заплеткани, а потоа забрзуваат од магнетното поле на земјата и на крајот се испуштаат во нашата атмосфера.

Во овој момент, интеракциите со други честички предизвикуваат светли аурори. Но, ова не е единствениот ефект врз Земјата. Интеракциите генерираат електрични струи кои можат да предизвикаат пренапони и да ја нарушат електричната дистрибутивна мрежа. Тие можат да предизвикаат нарушувања и т.н. ‘затемнувања’ во навигацијата, комуникацијата и дифузијата на радиобранови. А погодени се и други објекти кои гравитираат во просторот во близина на Земјата, како разни летала и сателити.

ONC има подводни опсерватории во близина на источниот и западниот брег на Канада, поставени на длабочина до 2,7 километри од површината. Компасите првенствено се користат за следење на океанските струи и нивните промени со текот на времето. Податоците кои секојдневно се снимаа овозможија да се следи влијанието што соларните бури го имаа под вода.

Алекс Слонимер од ONC забележал нешто чудно во податоците собрани со компаси уште во март 2024 година, за време на првите геомагнетни бури.

Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (SDO) ја сними оваа слика од сончевиот блесок X5.8 кој го достигна врвот на 10 мај 2024 година. Сликата покажува подмножество на екстремна ултравиолетова светлина што го истакнува исклучително жешкиот материјал во блесоци. Слика: NASA/SDO

Првично помислив дека се работи за последици од земјотрес, но промените во податоците траеја предолго и се јавуваа истовремено на различни места“, објаснува Слонимер. „Потоа, испитувајќи ги податоците од сателитите што го набљудуваат Сонцето, видов дека она што беше снимено е во корелација со сончевиот одблесок. Кога околу 10 мај се појави моќна сончева активност, вредностите уште еднаш се нарушија. Најизразениот ефект е откриен на компас на длабочина од 25 метри под нивото на морето, во близина на брегот на островот Ванкувер, во преминот Фолгер. Таму иглата се навали до +30 и –30 степени“.

Јасен факт за влијанието што CME може да го имаат на нашата планета. „Степенот на овие податоци евидентиран дури и на стотици метри под површината на океанот“, вели претседателката на ONC, Кејт Моран, „ја нагласува големината на сончевите блесоци од почетокот на мај и укажува дека податоците би можеле да бидат корисни за подобро разбирање на географското проширување на падот и интензитетот на овие соларни изблици“.

Клучни зборови:
На 14 мај 2024 година, Сонцето испушти силен сончев блесок.

На 14 мај 2024 година, Сонцето испушти силен сончев блесок. Овој сончев блесок е најголемиот од Сончевиот циклус 25 и е класифициран како блесок X8.7. X-class ги означува најинтензивните блесоци, додека бројот дава повеќе информации за неговата сила. Слика: NASA/SDO

Манифестации на поларна светлина беа видени на мошне ниски географски широчини

Манифестации на поларна светлина беа видени на мошне ниски географски широчини

Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (SDO) ја сними оваа слика од сончевиот блесок X5.8 кој го достигна врвот на 10 мај 2024 година.

Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (SDO) ја сними оваа слика од сончевиот блесок X5.8 кој го достигна врвот на 10 мај 2024 година. Сликата покажува подмножество на екстремна ултравиолетова светлина што го истакнува исклучително жешкиот материјал во блесоци. Слика: NASA/SDO