Медицина
Според податоците за бројот на починати од најновиот месечен билтен бр. 7/2022 на Државниот завод за статистика (ДЗС), можеме да ја пресметаме најновата статистика за одвишната смртност (односно реалната смртност од ковид-19) од 1.4.2020 до 31.5.2022.
Објавено на 11.08.2022 - 21:30

Астрономија и астронаутика
Користејќи го вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST), еден меѓународен тим на астрономи откри ново бледо, далечно и студено кафеаво џуџе. Новопронајдениот објект, со ознака GLASS-JWST-BD1, се покажа дека е околу 31 пат помасивен од Јупитер. Откритието беше детално опишано во трудот објавен при крајот на минатиот месец на arXiv.org.
Објавено на 11.08.2022 - 13:00

Медицина
Независно од намалувањето на дневниот број на новодијагностицирани, бројот на хоспитализирани изминатата недела продолжи да расте (сината линија на првиот дијаграм). Моментално во болниците има 180 хоспитализирани, од кои 45, односно една четвртина се на кислородна поддршка. Овој процент е многу понизок во споредба со минатите години и покажува дека: 1. сега во болниците има сосема доволно места и се примаат и полесните случаи и 2. веројатно самата клиничка слика во просек е полесна во споредба со порано.
Објавено на 10.08.2022 - 22:15

Информатика
Охрид гордо и стамено го оправдува епитетот на духовно средиште на Балканот. На 9. август, во 21 часот, на плоштадот на уметноста Долна Порта беше промовиран првиот дигитален паметен споменик кај нас, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид. Вториот Хомер, Григор Прличев, со овој несекојдневен паметник ‘воскресна’ во својот роден Охрид. Очите на публиката светкаа од радост, а најзаслужен за ова искуство е раководителот на проектот проф. д-р Анис Сефиданис.
Објавено на 10.08.2022 - 14:15

Енергетика
Ова е најновата ранг-листа според цената на еден киловатчас топлинска енергија од разни извори. Од последната листа, објавена пред неколку месеци, до денес нафтата малку поевтинила, електричната енергија поскапела, но најголем скок на ранг-листата забележуваме кај природниот гас – од некогаш најевтин енергенс, станал втор најскап.
Објавено на 09.08.2022 - 12:45

Автомобилска техника
Легнатите полицајци, како што меѓу народот популарно се нарекуваат овие успорувачи на брзината на возилата во градските средини, поставени на локации со голем потенционален ризик за повреда на пешаци, претставуваат мошне ефикасна алатка за намалување на брзината на возилата.“Работат“ на принципот на “увреда и принуда”, во смисол на цедење на парите од паричникот, но се чини друг метод за дисциплинирање на возачите, најчесто, не постои. Цедењето на парите од паричниците на сопствениците на возилата се огледа во нагласеното амортизирање на возилото, во загубата на време заради инсистирање на минимална брзина на возење на одредена делница и во зголемената потрошувачка на гориво.
Објавено на 08.08.2022 - 15:00

Астрономија и астронаутика
Слика 1: Радијална брзина на објектите (извор: ESA/Gaia/DPAC)
Тимот на европскиот вселенски телескоп GAIA неодамна го објави третиот ѕвезден каталог на мисијата. Каталогот нуди обемни податоци за огромен број објекти во Млечниот Пат. Податоците, секако, ќе им бидат од корист на астрономите а особено на космолозите...
Објавено на 08.08.2022 - 11:30

Информатика
Од неодамна, Данска на својата политичка сцена има партија целосно управувана од вештачка интелигенција. Според најавите партијата има намера да учествува на следните општи избори во таа земја, предвидени во јуни 2023 година.
Објавено на 05.08.2022 - 14:15

Историја и археологија
Неочекувано откритие. Археолозите откопаа град кој датира од пред 3400 години. Античкиот град, кој бил скриен под вода, се појавил кога поради сушата драстично се намалило нивото на водата во акумулацијата во Мосул, во регионот на Курдистан во Ирак.
Објавено на 04.08.2022 - 13:30

Роботика
Минијатурниот медицински робот по име МИРА се упатува во вселената за да ги тестира своите хируршки вештини.
Објавено на 03.08.2022 - 18:30

Pages