AlphaGeometry, новиот модел на вештачка интелигенција од Google, се натпреваруваше со победниците на Меѓународната математичка олимпијада. Еве како помина.
Перформансите на новиот модел на вештачка интелигенција развиен од Google – AlphaGeometry, биле споредени со резултатите добиени од највештите умови во светот во 16-те изданија на Меѓународната математичка олимпијада одржани во периодот од 2000 до 2015 година. На предизвикот, кој се состоел од 30 различни проблеми од геометријата, компјутерскиот софтвер успешно решил 25 прашања во зададеното време. Резултатот е многу близок до учинокот на освојувачите на златниот медал, кои во просек постигнале 25,9 решени задачи. Сепак, резултатот на вештачката интелигенција е подобар од просекот на освојувачите на бронзени медали, кои имале 19,3 освоени поени, но и од оној на добитниците на сребрениот медал, кои имале во просек 22,9 поени.
Во бенчмарк сетот од 30 олимписки задачи од геометријата, составени за Олимпијадите од 2000 до 2022 година, AlphaGeometry успеал да реши 25 проблеми под временските ограничувања на натпреварот. Ова е блиску до просечната оценка на луѓето кои освојуваат златни медали за решавање на истите проблеми. Извор: Google Deep Mind
Ваквиот исход на “тестот” ги задоволи исчекувањата на тимот на Google DeepMind кој ја дизајнираше AlphaGeometry. Успехот на AlphaGeometry се должи на создавањето нова типологија на ВИ, која се заснова на интеграција на невронски јазичен модел (што го имитира функционирањето на човечки мозок) со систем за логичка дедукција. Во кратки црти, сѐ функционира на тој начин што вештачката интелигенција комбинира модел кој е добар во брзи предвидувања, но ограничен во разбирањето, со ограничен со правила дедукциски енџин што се заснова на геометриски форми. Оваа комбинација овозможува активирање на итеративен процес помеѓу двата система, при што дедукцискиот енџин напредува сѐ дури не наиде на потешкотии. Во овој момент интервенира јазичниот модел, којшто предлага аргументирани модификации.
Визуелнa претставa на синтетичките податоци генерирани од AlphaGeometry Извор: Google Deep Mind
За обучување на комплексниот софтвер, била изработен нов протокол различен од оној што се користи за повеќето чет-ботови. AlphaGeometry, всушност, не ги „гледа“ директно проблемите што ги решава, туку успева да го најде решението преку систем кој работи паралелно и функционира благодарение на употребата на големи броеви. Софтверот, всушност, генерира милијарда случајни дијаграми на геометриски објекти во исто време, а потоа, работејќи наназад, успева да открие кои дополнителни конструкции биле неопходни за да се дојде до тие дијаграми. Пронаоѓачите го нарекле овој процес „процес на симболичка дедукција и следливост“.
Иако моделот е засега ограничен на решавање геометриски проблеми, тимот на Google има за цел да го прошири капацитетот на вештачката интелигенција на многу повеќе математички дисциплини. Како и да е, AlphaGeometry претставува значителен исчекор во однос на претходните системи од оваа американската компанија, надминувајќи ги за 2,5 пати резултатите од претходниот софтвер кој на истиот математички предизвик успеа да реши само 10 од 30 проблеми.
Како што откриваат од тимот на Deep Mind, кодот и моделот на AlphaGeometry се достапни со отворен изворен код на GitHub. Надежите се дека комбинацијата од други алатки и пристапи при генерирањето и обуката на синтетички податоци, ќе помогне за отворање на нови можности во математиката, науката и вештачката интелигенција.