Рубрика: Физика
Фото на неделата – Двојниот “воздушест ореол” на Земјата
Објавено на 02.02.2024 - 14:45

Фотографијата во прилог е направена со долга експозиција од Меѓународната вселенска станица на 21 јануари 2024 година, додека таа се наоѓала над Тихиот Океан, североисточно од Папуа Нова Гвинеја. На сликата ја гледаме Земјата обвиткана во „воздушест ореол“, луминисцентна лента произведена од одредени хемиски интеракции т.н. хемилуминисценција, што се случуваат на висина помеѓу 80 и 600 km од површината на Земјата.

Во реалноста има двоен “воздушест ореол”, при што жолтиот сјај се должи на интеракцијата на натриумовите честички присутни во атмосферата, додека црвениот е предизвикан од атомскиот кислород.

Интеракцијата помеѓу сончевата светлина, наелектризираните честички и молекулите во атмосферата може да создаде најразлични светлосни феномени, од кои најпознати се поларните аурори. Појавите како што е “воздушесетиот ореол” не само што се мошне спектакуларни, туку можат да бидат корисни, бидејќи можат да им помогнат на научниците подобро да разберат што се случува во горните слоеви на атмосферата.

Клучни зборови: