Климатологија
По повеќе од една година рекордно високи глобални температури на морињата, екваторијалниот Атлантик се лади побрзо од кога било. Во текот на изминатите три месецa, промената од топли кон ниски температури во екваторијалниот Атлантски Океан се случи со рекордна брзина. Оваа нова шема на „Атлантска Ла Ниња“ доаѓа непосредно пред очекуваната транзиција кон поладната Ла Ниња во Тихиот океан, а овие настани што се случуваат еден по друг би можеле да имаат огромно влијание на времето ширум светот.
Објавено на 26.08.2024 - 15:30

Метеорологија
Ел Нињо е дел од природниот климатски феномен наречен Јужна осцилација Ел Нињо (El Niño Southern Oscillation – ENSO). Феноменот има две спротивни состојби: Ел Нињо и Ла Ниња, и обете влијаат значително врз глобалното време. Делувањето на Ел Нињо може да се идентификува преку голем број различни мерења, вклучувајќи: потопли од вообичаените температури на површината на водата во тропскиот источен Пацифик, атмосферски притисок над нормалата во западниот дел од Пацификот и под нормалата во централниот дел од Тихиот Океан.
Објавено на 26.08.2024 - 15:00

Медицина
Речиси половина од медицинските уреди засновани на вештачка интелигенција одобрени од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) не се обучени со податоци од вистински пациенти, открива една нова студија. Студијата, објавена во Nature Medicine, тврди дека кај 226 од 521 уред овластен од ФДА недостасуваат публикувани податоци од клиничка валидација.
Објавено на 26.08.2024 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Замислете кога би било можно да лансираме сателити во орбитата без користење на ракети, ниту било каков погонски систем, туку инструментот или било кој товар сам да стигне во орбитата. Група на кинески научници го предлага токму тоа, да се изгради машина која ќе го користи принципот на магнетна левитација за лансирање.
Објавено на 24.08.2024 - 17:30

Научна фантастика
Корицата на изданието на македонски јазик, авторско дело на Димитриј Михајловски
Првенецот на Снежана Каначки од Србија, научно-фантастичниот роман „Поларис – последниот град“, деновиве го доби првото македонско издание. Жанровски романот може да го сместиме како младинска дистописка фантастика, жанр кој се стекна со популарност на почетокот на овој век, особено со успехот на книжевните серијали “Игри на гладта” (2008) од Сузан Колинс и “Дивергентни” (2011) од Вероника Рот, кои имаа и мошне успешни филмски адаптации.
Објавено на 24.08.2024 - 15:15

Астрономија и астронаутика
Древните седиментни карпи, пронајдени од роверот Истрајност (Perseverance), го потврдија присуството на вода на Марс во минатото. И тие ја одржуваат жива надежта дека ќе најдат траги од вонземски живот.
Објавено на 23.08.2024 - 18:00

Астрономија и астронаутика
Според новото истражување објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences, Марс има доволно вода за да ја покрие целата планета со океан подлабок од еден километар. Но, за пристап до таа вода ќе треба да се дупчат бунари длабоки речиси 10 километри. На Земјата, копањето бунари со длабочина поголема од 500 метри е предизвик.
Објавено на 23.08.2024 - 17:45

Психологија
Една нова студија предлага дека изборот на домашно милениче е директно поврзан со личноста на оние кои го посвојуваат.
Објавено на 23.08.2024 - 15:30

Историја и археологија
Новата анализа откри дека камениот олтар во Стоунхенџ потекнува од североисточна Шкотска, а не од Велс како што досега се сметаше.
Објавено на 23.08.2024 - 13:30

Омнибус
При проверка на рачниот багаж на аеродром, ако имаме лаптоп во куферот или ранецот, најчесто од нас се бара да го извадиме и да го ставиме во послужавник. Зошто е ова потребно?
Објавено на 22.08.2024 - 12:30

Pages