Рубрика: Астрономија и астронаутика
Делумно затемнување на Месечината набљудувано од Скопје
Автор: Боби Кузманоски
Објавено на 29.08.2026 - 12:00

Делумното затемнување на Месечината е редок небесен спектакл во кој сенката на Земјата полека се движи преку површината на нашиот природен сателит. Вчера, во раните утрински часови, жителите на Скопје имаа можност да го проследат овој феномен, а како и досега Скопското астрономско друштво организираше јавно набљудување на целиот настан, овојпат од падините на Кале. 

 

Вчера изутрина од Скопје можеше да се набљудува делумно затемнување на Месечината.

Оваа појава настанува кога Земјата ќе се најде помеѓу Месечината и Сонцето и сенката што ја фрла ја покрива Месечината.

Затемнувањето започна околу 4 часот наутро, а за Скопје максимумот го достигна во 5 часот и 55 минути во моментот кога Месечината зајде, а само неколку минути подоцна на спротивната страна изгреа Сонцето.

За овој настан, Скопското астрономско друштво имаше поставено и телескоп за сите што сакаат да го проследат затемнувањето одблизу. Поради тоа што настанот беше во раните утрински часови, луѓето што дојдоа можеа на прсти да се избројат, меѓутоа тоа воопшто не ја намали позитивната атмосфера и возбудата за набљудување на овој небесен феномен.

Подолу е прикажана композитна фотографија направена од паркингот на Кале. Поради разденувањето и силната светлина, а исто така поради измаглицата, смогот и најверојатно сахарската прашина, не успеавме да добиеме црвени бои како кога се фотографира кога небото е сосема темно. Исто така, се забележува дека кога Месечината е близу до хоризонтот таа речиси и да не се гледа, што се должи на смогот и слабата рефлектирана светлина која целосно се губи низ густата атмосфера и сјајот од Сонцето кое веќе беше во фаза на изгревање


Делумно затемнување на Месечината набљудувано од Скопје фото: Боби Кузманоски

 

Клучни зборови: