Четиритактните бензински мотори, особено оние од постар датум, обично се опремени со класично батериско контактно палење (со платински копчиња), а возилата од понов датум имаат посовршено, електронско палење, кое најчесто, заедно со електронскиот систем за напојување со гориво, прават една целина при што заеднички ги користат пооделните сензори во моторот и немаат подвижни делови.