Рубрика: Автомобилска техника
Кој нов автомобил до 8000 евра
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тргнувајќи од тоа дека се согласуваме со можеби најпознатата изрека на великанот Хенри Форд за тоа дека најдобриот автомобил е новиот автомобил, направивме мала анализа што значи во нашата реалност. Најбарани и најпродавани нови автомобили кај нас се тие чија цена се движи околу 10.000 евра и во тие рамки има навистина голем избор на модели. Заради подобар увид, но и заради порамноправна конкуренција, нашите согледувања ќе започнеме да ги презентираме со уште едно снижување на лимитот, до 8.000 евра. Оваа сума, најчесто е и лимитна која купувачите ја издвојуваат за купување на половен автомобил, но тоа е друга тема која ЕМИТЕР наскоро ќе ја обработи.

Како што ќе може да се види, за тие пари изборот се сведува на десетина автомобили. Некои од овие автомобили се и меѓу најпродаваните на нашиот пазар, а некои  само што тргнале во потрага по нови сопственици. Доминантни се претставниците од источноевропската и јужнокорејската автомобилска индустрија. Поточно, корејската автомобилска индустрија е застапена преку “Даеву” со моделите “Матиз” и “Калос”, додека сите останати се со (источно) европско потекло, со оглед на тоа дека “Сузуки Свифт” се произведува(ше) во Унгарија, а и “Фиат Сеиченто” во Полска.

Сепак, и во оваа ценовна понуда има голема шареноликост и можат да се набават различни автомобили за различни потреби. За сума до 8.000 евра може да се купи мал градски автомобил (“Фиат Сеиченто”, “Даеву Матиз”, “Југо Корал”), автомобил од ниската компактна класа (“Даеву Калос”, “Сузуки Свифт”), компактна лимузина или караван (“Југо Флорида”, “Лада 110, 111, 112”, “Дачија Соленза”), па и теренско возило (“Лада Нива”). Значи, има за секого по нешто.

Што, покрај цената, ја прави оваа група автомобили особено интересна? Сигурно е дека поголемиот дел од читателите и возачите воопшто, барем еднаш биле сопственици на некој од овие автомобили или барем имале прилика некој да ги повози со нив. Да не заборавиме дека овде има претставници (да не речам метузалеми на тркала) кои според застапеноста низ неколку генерации може да се прогласат и за национални македонски автомобили. За некои од нив дури и нема никакви тајни, буквално се знае сè. И уште една забелешка. Во оваа група нема претставник со дизел мотор. Сепак тоа задоволство треба да се плати малку поскапо.

Претставувањето на автомобилите е дадено по абецеден редослед според името на фабриката.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.