Емитер 9/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во 1935 година американскиот сеизмолог Чарлс Рихтер (Charles F. Richter) ја објавил својата скала за мерење на јачината (магнитудата) на земјотресите. Иако, во принцип, земјотресите не се пожелна појава, тие секогаш се добредојдени во домовите на филмофилите, и тоа колку покатастрофални – толку подобро. Атрактивноста на овие катастрофи во повеќето филмови ќе биде намалена, ако во сараунд системот нема моќен сабвуфер да ги испорачува сите оние земјотреси, тешки чекори на тираносауруси, грмотевици, експлозии, татнежи на гигантски вселенски бродови и слично. Бидејќи атрактивноста на ваквите звучни ефекти е правопропорционална со нивната јачина, за вистинско доживување е потребен соодветен сабвуфер (subwoofer) со квалитетен и голем бас-звучник (12, 15 или 18 инчи), голема звучна кутија и моќен засилувач. Ваков сабвуфер лесно може да се направи, но тешко дека секој ќе може да си го дозволи – со оглед на неговата висока цена. Затоа, повеќето од филмофилите ќе бидат принудени да направат компромиси со квалитетот на звукот од сабвуферот (за да се постигне пониска цена), но барем ќе можат да ги слушнат и почувствуваат сите ефекти од филмот. Имајќи ги на ум овие неопходни компромиси, ви го презентирам проектот за најевтиниот 12-инчен сабвуфер во Македонија: Рихтер 12.
Бас-звучник TSS WF310D140-8F
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.