Рубрика: Макетарство и моделарство
Макети од ex-YU просторите
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Макетарската техно-култура во поранешната југословенска заедница, почна на голема врата да влегува кон средината на осумдесетите и почетокот на деведесетите години од минатиот век. На јавните манифестации и официјалните натпреварувања претежно се појавуваа макети од странско потекло и уникатни макети изработени во самоградба од поединци – ентузијасти, кои најчесто прикажуваа воздухоплови од периодот на Кралството Југославија и на СФРЈ. По распадот на СФР Југославија, макетарството како техно-културно изразување беше особено погодено, врските замреа и требаше неколку години и огромно залагање на малкумина вистински макетарски ентузијасти за на ова хоби да му се даде нов импулс и насока кон современите текови на модерното макетарство.

 На почетокот на деведесеттите години од минатиот век, пред самото распаѓање на поранешната СФРЈ, на пазарот се појавија макетите под име "Нипласт" – РО "Вук Караџиќ" од Ниш, СР Србија. Во производниот програм на оваа фирма беа макетата на МиГ-21Ф-13, (R:1/104, артикал број 108-К) и макетата на хеликоптерот Bell AH-1G "Hueye Cobra" (R:1/99), а во подготовка беше макетата на патничкиот авион Boeing B-707. На дел од составниците на овие макети стоеше натписот "Starfix", што всушност претставува име на една малку позната израелска фирма за макети, која пак претходно ги имала откупено калапите од реномираната јапонска фирма Tamiya. Макетите имаа релативно мал број делови, меѓутоа тие беа доволни за да ги доловат во размерот за која се наменети, размер која кај Tamiya оригинално се води како размер 1/100. Единствена сериозна маана на овие макети беше тоа што во комплетот наместо водолепливи налепници имаше самолеплици. За жал, распаѓањето на АФРЈ и настаните што следеа потпа ги оневозможија врските така што за овие макети оттогаш па наваму, нема никакви информации.

По распасот на СФРЈ и формирањето на СР Југославија, на пазарот се појави првата оригинално југословенска, сериски произведувана макета која се стекна со имиџ во светски рамки. Станува збор за макета на југословенскиот школско-борбен млазен воздухоплов СОКО Г-4 Супер Галеб, во размер 1/72, А-001, произведена од југословенската фирма "YUMO".

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.