Телекомуникации

Веќе дваесетина години, помеѓу ТВ и радио стручњаците и упатените потрошувачи јасни се предностите кои би ги давал дигиталниот систем на пренос. Во последно време конечно доаѓа до појава на потполно дигитални ТВ системи со сите свои предности. Зборот "дигитално" се повеќе се слуша помеѓу радио и ТВ стручњаците кои се надеваат дека дигиталната техника потполно ќе ја потисне аналогната, како што се случило во последниве неколку години со грамофонските плочи.


Електроника

Разгледувајќи едно едноставно коло за дигитална брава дојдов на идејата да конструирам дигитална брава која би работела на сличен принцип, но со многу поголем број на можности. Крајниот резултат беше проектот претставен во овој напис. Со цел да отклонам некои недостатоци на истото, како и да овозможам полесно ракување со дигиталната брава направени се неколку измени на основното коло и негова надградба. За што поточно станува збор прочитајте во овој напис.


Електроника

Многупати во филмовите сме виделе како се користат мали направи за прислушкување на туѓите разговори со помош на нивно поставување во телефонот или на телефонската линија која сакаме да ја прислушкуваме. Еден ваков уред е прикажан на сл.1, а неговото печатено коло на сл.2. Од шемата се гледа дека за изработка на овој уред се користени малку елементи, па јасно е дека моќноста на овој предавател не може да биде многу голема, но сепак дометот достигнува до околу 100m на отворен простор.


Аудио и видеотехника

Изминатите години Yamaha имаше голем успех со нивните мултиефектни процесори. Но измина долго време од нивното последно лансирање на производ со префикс REV. Одекнувањето (реверберацијата) е многу често користен ефект во аудио техниката, па не изненадува промоцијата на дигиталниот ревербератор Yamaha REV500. Овој модел има 100 однапред одредени програми поделени во 4 програмски типови (hall, room, plate, special). Има уште 100 кориснички програми поделени слично во 4 групи.


Електроника

Сигурно многумина од вас ја гледале телевизиската серија “STAR TREK” односно ѕвездени патеки.Таму како што сигурно сте забележале “јунаците” на серијата наместо класичните пиштоли од холивудските каубојски филмови користат едни мали направички наречени “фејзери” со кои своите “непријатаели” привремено ги парализираат, а богами и убиваат. Е таква една направа е тема на оваа конструкција, која не е ни одалеку како тие фејзери ниту по концепцијата ниту по реализацијата.


Аудио и видеотехника

Во слепиот слушен тест на засилувачи (ЕМИТЕР 6/97) жирито даде многу добри оценки за звукот на засилувачот Densen Beat 100, а единствената забелешка се однесуваше на малку нефокусираната звучна слика. Меѓутоа, во сите тестови во странските Hi-Fi списанија воопшто не се спомнуваше некаков проблем со фокусираноста на звучната слика кај Densen Beat 100.


Аудио и видеотехника

Добро е познато дека квалитетот на музичката репродукција во станот зависи од три одлучувачки елементи, односно чинители: електрични, механички и акустички. Сите тие имаат еднаква важност и на секој од нив мора да му се посвети еднакво внимание ако се сака што поточно повторно да се креира содржината на музичкото дело во собата. Нерамномерноста во пристапот ќе се врати како нерамномерност на музичката репродукција.


Аудио и видеотехника

Засилувачот JoLida SJ 502 A има класичен дизајн, на кој што нема што да му се забележи. Употребена е металик-црна боја на финишот на куќиштето, а натписите се со златна боја. Од предната страна се поставени прекинувачот за вклучување и три копчиња: селекторот на влезови, контролата за баланс и потенциометарот за јачина на звукот. Во задниот ред доминираат централно поставениот мрежен трансформатор и од двете негови страни нешто помалите излезни трансформатори.


Електроника

При проектирањето на ова едноставно коло, основно барање беше да се добие еден прилично едноставен фреквенцметар со батериско напојување, со минимален влезен напон од 10mV и максимална фреквенција од 100kHz. Потрошувачката на струја во мирна состојба изнесува само 4mA, што обезбедува долговечност за батеријата од 9V со која се напојува уредот. Исто така е битно што уредот работи нормално дури и тогаш кога напонот на батеријата ќе падне на 5V.


Аудио и видеотехника

Нашироко познатиот швајцарски производител на тонска професионална аудио опрема KUDELSKI од Шесо (Cheseaux), мало градче на падините на Мон Блан во францускиот дел на Швајцарија, суверено и престижно владееше со пазарот од педесетите години наваму, благодарение, пред сé, на својот основач, полјакот Куделски. Водечки производ беше познатиот преносен магнетофон NAGRA во разни варијанти, кој се користеше, и сé уште се користи, кај сите филмски снимања.


Електроника

Во практиката често се случува аудио сигналите да го немаат потребното ниво за нивна обработка и за побуда на излезните засилувачи. Во таков случај неизбежна е употребата на соодветен предзасилувач. Во оваа прилика ќе бидат презентирани две едноставни решенија кои можат да се искористат како посебни уреди или пак да влезат во состав на некој посложен уред.


Аудио и видеотехника

Во Македонија престојуваше генералниот директор за продажба на Marantz за Европа, господинот Guy Scheveneels. Ја искористивме таа прилика да поразговараме со него во врска со компанијата Marantz. Разговорот го водеше Владимир Филевски.


Електроника

Иако современите автомобили имаат најразлични заштитни уреди и аларми сепак сведоци сме дека и "обичните" автомобили се на удар на многубројните крадци т.е. "позајмувачи" на автомобили. Не потценувајќи ги разните сложени алармно-заштитни уреди овде ви претставувам едноставна блокада на работата на моторот од вашиот автомобил така што на "позајмувачот" му е оневозможено вклучување на моторот и покрај неговата "професионалност".


Електроника

Покрај познавање на теоријата и практиката од разни области на електрониката секој електроничар треба да има и добри познавања на мерната опрема и мерните постапки. Меѓутоа голем дел од електроничарите, особено почетниците, не ја познаваат доволно оваа проблематика, па од тука произлезе потребата за овој серијал. Во овој број ќе се задржиме на постапките при испитивање на главните карактеристики на колата за обликување на сигнали и стабилизираните извори на напон.


Електроника

По изградбата на електронската секретарка (објавена и наградена на конкурсот за најдобар електронски проект - ЕМИТЕР 12/96), во тек на нејзината експлоатација забележав некои недостатоци: ако во мое отсуство, а со претходно вклучена секретарка заради немање на никој од членовите во фамилијата, подоцна се врати некој и одговори побрзо од секретарката, порака од ваквиот соговорник не се забележува.


Омнибус

Правила за EUCW QSO Party;
Z3 - DXCC почесна ранг листа;
Правила за дипломата "Worked EUCW Award";
Календар за КБ-натпревари;
Правила за натпреварот OK/OM;
DX - информации;
VI-ти XCT натпревар во Кочани;
Неколку совети за намалување на опасностите од изложеност на RF-зрачење


Омнибус

HI-FI информации: NXT звучници, The Real Sound Co. RSC 3, Crest Vs 1100;
Soundcraft B800;
Основен алат за аудио и видео професионалците;
Нова технологија за запишување на податоци;
Alesis Meridian;
Процесори од "UHF-бандот";
Pentium II processor;
Интегрирани кола за низок напон;
Брзи модеми за бавни линии


Писма
Пресметка и мерење на калеми
Желби и проблеми