Рубрика: Електроника
Телефонски прислушкувач
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многупати во филмовите сме виделе како се користат мали направи за прислушкување на туѓите разговори со помош на нивно поставување во телефонот или на телефонската линија која сакаме да ја прислушкуваме. Еден ваков уред е прикажан на сл.1, а неговото печатено коло на сл.2. Од шемата се гледа дека за изработка на овој уред се користени малку елементи, па јасно е дека моќноста на овој предавател не може да биде многу голема, но сепак дометот достигнува до околу 100m на отворен простор.

Овој телефонски прислушкувач претставува мал FM предавател кој е подесен да предава на фреквенција која може да се следи на секој домашен радио приемник. Овој предавател се поврзува сериски со телефонот кој сакаме да го прислушкуваме и тој се вклучува кога ќе се подигне слушалката на телефонот на кој е приклучен. Карактеристично при овој начин на поврзување е тоа што ќе може да се прислушкува само телефонот на кој е сериски поврзан овој уред.
Иако димензијата на уредот е мала сепак големо намалување на димензиите може да се постигне ако се користат SMT (Surface Mounted Technology) елементи кои се многу помали од елементите кои се овде искористени, а со тоа се зголемува можноста за да се скрие уредот на место каде е потешко да се пронајде.
Идејата на овој напис е да изградите мал предавател кој ќе го користите исклучиво за лично хоби, додека со закон е строго забрането прислушкување на туѓи разговори или пречење во радиодифузните фреквенции на конвеционалните радио станици.
Авторот и списанието ЕМИТЕР не превземаат никаква одговорност за несовесна употреба на прикажаниот уред.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.