Емитер 11/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сигурно многумина од вас ја гледале телевизиската серија “STAR TREK” односно ѕвездени патеки.Таму како што сигурно сте забележале “јунаците” на серијата наместо класичните пиштоли од холивудските каубојски филмови користат едни мали направички наречени “фејзери” со кои своите “непријатаели” привремено ги парализираат, а богами и убиваат. Е таква една направа е тема на оваа конструкција, која не е ни одалеку како тие фејзери ниту по концепцијата ниту по реализацијата. Можеби сепак треба да почекаме уште десетина века. Во секој случај се работи за едноставна и интересна конструкција преку која можете да го осознаете принципот на работа на еден многу едноставен конвертор кој преиначува еднонасочен напон во друг еднонасочен напон. Во конкретниов случај “мал” напон се конвертира во многу поголем напон.
Основната идеја при конструкцијата на уредот беше да се направи конвертор на напон да кажеме од 9 до 15V во напон со вредност од 300 до 500V. Колку и да звучеше сложено и тешко да се направи еден таков уред авторот на овој текст после подолго експериментирање увиде дека напротив, решението е многу едноставно. Всушност врз база на “природните” особини на калемот или индуктивитетот (како сакате), кој најгрубо кажано има особина да се спротивставува на промената на течењето на електричната струја низ своите намотки и кондензаторот кој има особина да складира одредено количество електрицитет кое се манифестира како потенцијална разлика на неговите краеви, овозможена е едноставната конструкција на овој уред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.