Рубрика: Аудио и видеотехника
Densen Beat 100, втор чин
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во слепиот слушен тест на засилувачи (ЕМИТЕР 6/97) жирито даде многу добри оценки за звукот на засилувачот Densen Beat 100, а единствената забелешка се однесуваше на малку нефокусираната звучна слика. Меѓутоа, во сите тестови во странските Hi-Fi списанија воопшто не се спомнуваше некаков проблем со фокусираноста на звучната слика кај Densen Beat 100. Се разбира, ни на крај на памет не ми паѓаше да ја премолчам таа забелешка за помалата фокусираност и на тој начин да ги "наштелувам" оценките на жирито за да одговараат на оценките во странските списанија.

Ако сегашните и идните сопственици на Densen Beat 100 забележат дека стерео сликата не е доволно фокусирана, решението на тој проблем е едноставно: им препорачувам да користат звучници кои имаат порамна карактеристика на импедансата. Во тој случај сигурно ќе добијат прецизна стерео слика и ќе можат да уживаат во добриот звук.
На крај, повторно ќе ја потенцирам нашата определба да ги презентираме искажаните оценки од жирито црно на бело, макар колку и да биле тие лоши (или добри), независно од оценките во странскиот печат. Членовите на нашето жири се компетентни и имаат натпросечно добар слух, а методологијата на слеп слушен тест обезбедува максимална можна објективност - поголема од било кое странско Hi-Fi списание. Сепак, читателите треба да ги земат оценките на жирито само како стручен совет при нивната самостојна одлука. Само вашиот вкус е меродавен да каже кој уред ви причинува најголемо задоволство.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.