Емитер 11/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Добро е познато дека квалитетот на музичката репродукција во станот зависи од три одлучувачки елементи, односно чинители: електрични, механички и акустички. Сите тие имаат еднаква важност и на секој од нив мора да му се посвети еднакво внимание ако се сака што поточно повторно да се креира содржината на музичкото дело во собата. Нерамномерноста во пристапот ќе се врати како нерамномерност на музичката репродукција.
Далеку пред откривањето и употребата на електрицитетот, гласноста на музичката репродукција зависела од акустичките својства на поедините инструменти, односно од квалитетот и гласноста на нивните резонанции, но и од акустичките својства на просториите во кои инструментите свиреле. Денес, кога е практично невозможно во соба да се донесе оркестарот или изведувачот кој сакаме да го слушаме, ако сакаме во мирот на својот дом да уживаме во врвните музички достигнувања,мораме да се послужиме со електрични аудио уреди наменети во нашите домови повторно да го креираат (не, додуша, потполно, но во голема мерка) она што се случувало во текот на нанесувањето на музичкиот запис на некој од многубројните формати на носачи на звук. Поради својата поголема или помала несовршеност, електричните уреди за репродукција на звук загушуваат некои од резонанциите произведени од “живите” музички инструменти, додека други ги (пре)нагласуваат, правејќи ја така музичката репродукција различна од оригиналот. Дел од тие недостатоци се решава со иновации во конструкцијата на уредите, значи со делување на нивниот електронски и механички склоп. Но, она што подоцна се случува, откако звукот ќе “излезе” од звучникот и ќе тргне низ собата до слушателот, по правило не може да се контролира со самите аудио уреди. Собата и нејзините акустички особини се исклучително значаен елемент, неретко “појак” и од особините на самите аудио уреди, кои инхерентните сонични особини на уредите можат да ги искажат во нивниот полн сјај, но и да ги турнат во бездна.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.