Рубрика: Електроника
“Тајна” електронска секретарка
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По изградбата на електронската секретарка (објавена и наградена на конкурсот за најдобар електронски проект - ЕМИТЕР 12/96), во тек на нејзината експлоатација забележав некои недостатоци: ако во мое отсуство, а со претходно вклучена секретарка заради немање на никој од членовите во фамилијата, подоцна се врати некој и одговори побрзо од секретарката, порака од ваквиот соговорник не се забележува. Најчесто членовите на фамилијата забораваат да ја пренесат пораката или пак соговорникот не остава порака, која можеби сака лично “во четири уши да му ја пренесе на домаќинот”.
Идејата ми се јави после долгогодишна експлоатација кога безброј важни пораки не беа пренесени до мене (заради заборавање, ненавремено среќавање со преносителот) или воопшто не ни беа искажани заради природата на пораката која требаше да биде без посредник.

Од уредот кој го замислив поставив неколку барања:
- постоечката секретарка да функционира независно или под приоритет на “тајната секретарка”.
- впишаната порака во модулот “диги мемо” од наша страна да се отчитува по потреба, редовно за сите повикувачи или само “тајно”.
- да проработува после спуштањето на слушалката на домаќинот т.е. уредот да ја задржи линијата уште дваесеттина секунди за да може соговорникот да остави порака, а во меѓувреме да проработи и касетофонот за снимање.
- уредот во тек на работата да ја прекинува постоечката линија за никој да не може случајно да ја слушне пораката со подигање на слушалката.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.